Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис
Агровести

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис

Објавено 19/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се сретне со претставници на земјоделците од 62 блока од цела Грција, кои веќе 50 дена протестираат, а во пресрет на состанокот, како во изминатите денови, така и во текот на денешниот ден, патиштата и граничните премини ќе останат отворени, што воедно беше и главен предуслов на Владата за да се одржи средбата, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците формираа делегација од 25 претставници и шестмина набљудувачи и според најавите, на средбата ќе покренат 14 барања меѓу кои договорот Меркосур, поевтина електрична енергија и гориво за сите земјоделци, обесштетувања за сите болести кај животните, но и за природните опасности, како и надоместувањето на изгубениот приход.

Во неделната традиционална објава на Фејсбук, Мицотакис вчера се осврна и на земјоделците, потсети дека „од самиот почеток беше јасно дека Владата одбира дијалог, но без лесни ветувања и без потези што би го поткопале севкупниот напора за стабилност на економијата“.

Посочи дека земјоделците знаат дека рамката на владини интервенции веќе е објавена, рамка што е „јасно определена од фискалните можности, кои се исцрпени, од социјалната правда и од европските правила“.

– Нашата цел не се парцијални решенија, туку праведен, транспарентен и ефикасен систем на земјоделски субвенции. Систем што ги поддржува вистинските производители, без да нанесува неправда на остатокот од општеството и што на примарниот сектор му дава перспектива за подобри производи и повисоки приходи, напиша Мицотакис.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, со блокади на автопатишта, патишта, гранични премини, а тракторите и понатаму се на улица, паркирани во една коловозна лента.

Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Грчките земјоделциМицотакис
Претходен напис РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици
Следен напис Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?