Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Западен Балкан ќе ја блокира Шенген границата, превозниците гневни поради третманот од ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Западен Балкан ќе ја блокира Шенген границата, превозниците гневни поради третманот од ЕУ
Агровести

Западен Балкан ќе ја блокира Шенген границата, превозниците гневни поради третманот од ЕУ

Објавено 16/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здруженијата на превозници од Западен Балкан денес објавија дека ќе ги блокираат товарните премини со земјите од Шенген зоната од 26 јануари поради, како што велат, проблеми предизвикани од системот EES кој ги евидентира влезот и излезот на превозниците.

Претставници на здруженијата на превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а поддржани од колегите од Македонија во писмо, на прес-конференција во Белград нагласија дека причината за ова е несоодветниот одговор на Европската комисија и земјите од Шенген зоната во врска со третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на Шенген територијата за време на секојдневните работни активности.

Тие истакнаа дека протестот нема политичка конотација и предложија да се водат разговори со претставници на европската администрација со цел решавање на проблемите и третирање на возачите како прекугранични работници

Како што велат, протестот е насочен против европските правила, а нивното спроведување, од 10 април, кога ќе започне целосната имплементација на системот EES, практично ќе го ограничи престојот на возачите од Западен Балкан во земјите од Шенген зоната поради надминување на бројот на денови што можат да ги поминат во тие земји. Ова, како што истакна претседателот на Меѓународната транспортна асоцијација на Србија, Неѓо Мандиќ, ќе создаде проблеми за економијата и ќе ги наруши синџирите на снабдување, а воедно ќе ги загрози и работните места на возачите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуЗападен Балканзонашенген
Претходен напис Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
Следен напис МВР: Не отварајте сомнителни линкови и пораки и не споделувајте лични податоци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?