Кон крајот на изминатата недела имавме повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде веќе на почетокот на оваа недела имавме стабилно и суво време со студени утра, и утрински температури кои на некои места се спуштија и под -10 степени, а дневните се задржаа под нулата.
Врнежите од дожд и снег влијаат на зголемување на влагата во почвата и за зголемување на резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови, но сепак обилните врнежи кои паднаа на некои места низ државата, доведоа до појава на локални заезерувања, почвата беше заситена со вода и не можеше да ја впие целата количина на вода. Ниските пак, негативни температури на воздухот се очекувани за овој период од годината. Овошките во овој период од зимата издржуваат до минус 28 степени, додека виновата лоза до минус 18 или минус 20 степени.
Доколку временските услови дозволуваат земјоделските производители да продолжат со грижа за нивните посеви, како и примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.
Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -6°C, на повисоките места до 5°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 12°C до 0°C.
Извор: Агрометео
