Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Патиштата и граничните премини во Грција остануваат отворени во пресрет на средбата на земјоделците со Мицотакис в понеделник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Патиштата и граничните премини во Грција остануваат отворени во пресрет на средбата на земјоделците со Мицотакис в понеделник
Агровести

Патиштата и граничните премини во Грција остануваат отворени во пресрет на средбата на земјоделците со Мицотакис в понеделник

Објавено 16/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, закажана за понеделник, земјоделците нема да ги блокираат патиштата и граничните премини, но тракторите ќе останат паркирани на блоковите, онаму каде што се веќе речиси 50 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Да останат отворени патиштата и автопатиштата е и еден од предусловите поставени од Владата за средба со земјоделците, а портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите посочи дека освен тргање на блокадите, предуслов е и на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување.

– Мислам дека предусловите не се страшни, туку се подразбираат. Целта не е некој да излезе како победник од ова, она што има вредност е луѓето да добијат нешто повеќе за нивниот сектор, во конкретниот случај, земјоделците и сточарите. Ние се стремиме кон средби и како што гледате покажуваме добри намери, под предуслов да се почитуваат условите, особено условот да останат отворени патиштата за да се реализира следната средба, посочи Маринакис.

Состанокот на земјоделците со Мицотакис ќе се одржи в понеделник во 13 часот во Премиерската палата во Атина, ќе учествуваат 25 претставници на земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите, како и петмина набљудувачи.

Земјоделците информираа дека на состанокот ќе покренат 14 барања.

По средбата, во вторник попладне земјоделците ќе одржат состанок за да го разгледаат исходот од разговорите со грчкиот премиер.

Мнозинството од грчките земјоделци, кои протестираат од 30 ноември, во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис, бидејќи, како што рекоа тогаш, не беа исполнети нивните предуслови за состанокот, но по интерниот состанок во средата одговорија позитивно на поканата за дијалог.

Според најавите, се очекува сè до средбата в понеделник да нема затворање на автопатиштата и граничните премини, а тракторите, како и досега да останат паркирани на блокадите.

Грчкиот премиер во вторникот се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Грцијаземјоделцитемицотакисотворенипатиштатапонеделник
Претходен напис Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
Следен напис Општина Могила ќе го „јакне“ наталитетот – 10.000 денари за првороденче, 30.000 за трето дете и 20.000 за нов брак
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?