Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори 
Агровести

Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори 

Објавено 14/01/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Каматните услови што ги обезбеди нашата држава се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен и конкурентен издавач на меѓународните финансиски пазари, оцени на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, откако вчера беше реализирана  аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница. 

Според Димитриеска Кочоска, при носењето на оваа одлука водечко начело била одговорноста кон тековната фискална состојба и кон идните генерации. Нашата цел, посочи, не е само редовно сервисирање на обврските, туку создавање одржлива и стабилна фискална рамка, со помал притисок од отплати и со повеќе простор за суштински реформи.

Успешната аукција, рече министерката, претставува значаен чекор во управувањето со јавните финансии и јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики на Владата. -Врз основа на детална и навремена анализа на состојбите на меѓународните финансиски пазари, Министерството донесе одлука задолжувањето да се реализира преку две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години. Ваквата структура овозможува оптимално распоредување на обврските во среден и долг рок, како и дополнително намалување на ризиците поврзани со рефинансирање, рече Димитриеска Кочоска. 

Според неа, како резултат на побарувачката и внимателно одбраниот момент за излез на пазарите, кај двете транши од еврообврзницата е постигната најтесна каматна маргина во однос на референтниот Еурибор, споредено со сите државни издавања во изминатите дваесет години

-Каматните стапки кои ги постигнавме се меѓу најповолните во однос на референтната вредност на Еурибор во последните дваесет години. За траншата со рок од 4 години каматата изнесува 3,875 проценти, а за траншата со рок од 8 години 4,75 проценти. Особено имајќи го предвид актуелното високо ниво на Еурибор, овие услови претставуваат најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении, рече Димитриеска Кочоска.

Особено значајно, посочи таа, е што успеавме да пласираме осумгодишна еврообврзница – доспевање кое последен пат беше постигнато пред повеќе од дваесет години. Ова претставува силен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики, реформската агенда и стабилноста на земјата, рече Димитриеска Кочоска. 

Таа наведе дека трошоците за синдикатот на банки и за правните советници се пропорционално најниски досега во споредба со претходните издавања. Дополнително, со цел целиот процес да биде максимално исплатлив и со најмали можни фискални оптоварувања, донесена е одлука паралелно со новата емисија да реализираме и предвремен откуп на еврообврзницата што достасува во јуни 2026 година. Со оваа одлука ќе оствариме заштеди кои во значителен дел ќе ги компензираат трошоците од новото издавање. 

-Со средствата обезбедени преку оваа еврообврзница, предвидена во Буџетот за 2026 година, ќе се изврши навремена исплата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, а останатите средства ќе бидат насочени кон финансирање на буџетскиот дефицит и реализација на развојни проекти од суштинско значење за економскиот раст, рече Димитриеска Кочоска. 

Потсети дека издавањето на оваа еврообврзница  е целосно проектирано и планирано во Буџетот за 2026 година, како и во Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг. Тоа значи дека иако номиналниот износ на задолжувањето изнесува една милијарда евра, во текот на 2026 година Министерството за финансии ќе изврши исплата на обврски по основ на надворешен долг во вкупен износ од околу 893 милиони евра.  Со тоа, подвлече министерката, нето-ефектот врз јавниот долг е значително понизок и во целост усогласен со среднорочната фискална рамка. 

Во 2026 година, вкупните обврски за отплата на домашниот и меѓународниот пазар изнесуваат околу 1,563 милијарди евра, во 2027 година 1,579 милијарди евра, во 2028 година 1,971 милијарди евра, во 2029 година 1,304 милијарди евра, а во 2030 година 1,414 милијарди евра или вкупно за пет години  8,804 милјарди евра Токму затоа, потенцираше Димитриеска Кочоска, ова издавање има јасна улога во рамномерно распределување на доспевањата и во намалување на ризиците поврзани со концентрација на отплати во поединечни години. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Димитриеска КочоскаЕвробврзницамеѓународните инвеститорисигнал
Претходен напис Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
Следен напис Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?