Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицотакс до земјоделците: Развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицотакс до земјоделците: Развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните
Агровести

Мицотакс до земјоделците: Развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните

Објавено 13/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Би сакал оваа дискусија, под одредени услови, да беше и попроширена. Единственото што ќе го кажам е дека, на крајот, знаете, развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните и затоа ние секогаш разговараме со оние кои се расположени да разговараат со нас и очигледно не можеме никого да принудиме да дојде и да се вклучи во дијалог кон кој, од свои причини, можеби и не се стреми, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со земјоделците, кои се дистанцираат од останатите блокови, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за средба со претставници на околу 18 блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата.

Останатите земјоделците од над 55 блокови доцна синоќа одлучија да не дојдат на состанокот затоа што, како што тврдеа, владините ограничувања за бројот на претставници ги поткопуваат изгледите за значаен дијалог и паралелно најавија заострување на протестите.

Со оние кои дојдоа во Премиерската палата, Мицотакис рече дека ќе имаат можност за „суштинска и продуктивна дискусија за бројните проблеми со кои се соочува примарниот сектор во земјата“.

– Мислам дека ова ќе биде и добра можност да направиме преглед на начинот на кој Владата одговори на голем дел од барањата на секторот, но исто така ме интересира да слушнам од вас и како дадените решенија можат поефикасно да се применат, да видиме каков простор за подобрување постои и да видиме на кој степен има посебни локални прашања кои евентуално можат подетално да се разгледаат и на други средби што ќе ги имате со нашиот тим, посочи Мицотакис.

Додаде дека потребна е и поширока дискусија за иднината на примарниот сектор и неговата модернизација и како тоа може да се пренесе од теорија во пракса. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделцимицотакиспреговори
Претходен напис Аеродроми затворени, а летови откажани низ цела Европа поради мраз
Следен напис Производството на расад за пиперки бара посебни услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?