Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: На граничниот премин Дојран спречен обид за шверцување 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: На граничниот премин Дојран спречен обид за шверцување 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода
Агровести

Царинска управа: На граничниот премин Дојран спречен обид за шверцување 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода

Објавено 13/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царинските службеници на граничниот премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари.

Како што информира Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело шверцување и за фалсификување исправа, казниви по Кривичниот законик.

– Делото е откриено во неделата вечерта на излез од граничниот премин Дојран кога царинските службеници, применувајќи напредни оперативни техники и аналитичко расудување при процена на конкретната состојба на терен, извршија контрола на камионот пријавен како празен. При детаљниот преглед е откриен специјално конструиран бункер со преграда, каде што се откриени 101 пакет со цигари и електронски цигари. Дополнително, со асистенција на полициските службеници утврдено е дека бројот на шасијата на полуприколката не е идентичен со бројот на шасијата во сообраќајната дозвола што ја употребил како вистинска кога ја дал на увид – наведува Управата.

Ова е втор случај за многу кратко време на обид за швверцување големи количини цигари во специјално конструирани бункери во камиони откриени на гранични премини на територија на царинарница Гевгелија.

Царинска управа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:5.050 штеки цигариДојранЦаринска управашверцување
Претходен напис Нов протест против Меркосур: 350 трактори низ главниот град на Франција
Следен напис Земјоделците од главните блокади во Грција во последен момент одлучија да не дојдат на денешната средба со Мицотакис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?