Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка на земјоделците – од 27 барања, седум не може да се исполнат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка на земјоделците – од 27 барања, седум не може да се исполнат
Агровести

Грчката Влада ги соопшти мерките за поддршка на земјоделците – од 27 барања, седум не може да се исполнат

Објавено 07/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Намалување на цената на струјата на 8,5 центи за киловатчас до 2028 година; поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта; 100 отсто покриеност на обесштетувањето при елементарни непогоди, специјален баркод за потеклото на производите, се дел од мерките што денеска ги соопштија вицепремиерот на Грција и надлежните министри во грчката Влада за поддршка на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина.

Вицепремиерот Костис Хаѕидакис уште еднаш посочи дека од 27 барања на земјоделците, 16 се исполнети или се третираат позитивно, четири се разгледуваат, додека пак седум се или вон буџетската или вон европската рамка и повтори дека секогаш се отворени за дијалог со земјоделците.

Паралелно нагласи дека во 2025 година за земјоделците биле исплатени 3,82 милијарди евра, износ што е за 13 отсто повисоки од претходната година.

Цената на струјата е едно од главните барања на земјоделците, кои бараат да биде 7 центи за киловатчас, а Владата денеска соопшти 8,5 центи, наспроти претходно најавените 9,3 центи за киловатчас.

За поврат на посебниот данок на потрошувачка на нафта, согласно соопштеното, земјоделците во суштина нема да го плаќаат данокот со оглед на тоа што преку специјална апликација на пумпите ќе ја плаќаат директно цената одредена за нив.

За да се избегне појавата увезени производи од странство да се продаваат како грчки, што исто така е меѓу барањата на земјоделците, министерот за дигитално управување на Грција Димитрис Папастергиу соопшти дека ќе се воведе национално следење на производите, „од нивата до рафтовите во маркетите“, односно секој производ ќе има баркод со потекло, нешто што до сега не се прави.

Вицепремиерот на Грција ги повика земјоделците „да ја гледаат чашата полуполна, а не полупразна“.

Земјоделците се очекува во попладневните часови да одржат состаноци за да ги разгледаат владините мерки и да одлучат дали ќе продолжат со најавената 48-часовна блокада на цела Грција за утре и задутре.

Според грчките медиуми, доколку земјоделците не ги запрат протестите и блокадите, Владата е подготвена да го спроведе „Планот Б“, што предвидува казни за оние кои продолжуваат со затворање на патиштата. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:блокадавладаземјоделци
Претходен напис Лепче со паричка на Бадник или на Василица
Следен напис Софија испрати официјална нота до Атина за протестите на грчките земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?