Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обичаи – Кај и да си за Бадник дома да си…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обичаи – Кај и да си за Бадник дома да си…
Агровести

Обичаи – Кај и да си за Бадник дома да си…

Објавено 06/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гранчиња од даб под масата, кои потоа завршуваат во оган, не раскревање на храната и пијалокот  од трпезата после вечерата и оставање отворен прозор кога домашните се веќе на спиење (за да може Господ да си замине откако вечерал) , се некои од обичаите карактеристични за Кочани за Бадник. Исто така, најсрекникот, кај кој што ќе се „падне“ паричката, дополнително се наградува со симболична сума пари, додека паричникот на домаќинот, бадниковата ноќ ја поминува под трпезата и масата на која се вечерало.

Иако, вообичаено тоа го прави највозрасниот маж во куќата  или домаќинот, во некои делови домаќинката е таа која кравајчето со паричка го крши и ги дели искршените мали парчиња на останатите членови од семејството според возраста. Откако ќе започне да се крши од кравајчето,  парчето од десната рака е за Господ, од левата за Богородица. Свеќата што се пали претходно кога во куќата доаѓа свештеник да свети вода  за здравје, се чува и таа догорува за време на бадниковата вечера, која започнува откако се повикува дедо Боже да му се приклучи на семејството. Паричката од кравајчето кога ќе се пронајде се става во чаша со црвено вино, од која по голтка пијат сите членови на семејството и наздравуваат.

Постарите велат дека некогаш луѓето од овој крај, на Бадник се раздолжувале меѓу себе, при  што не се мисли на пари. Тој што од комшија, роднина или пријател позајмил нешто, настојува на тој ден да му го врати. Лош збор за Бадник не се користел.

Народната „кај и да си, за Бадник дома да си“ важи и за луѓето од овој крај. Сите навечер си се дома, не одат по гости.

Трпезата, како и секаде е посна, со грав, варени компири, сарми, ошав, пилав или лапа, печена тиква, суви пиперки, костени, печени или сушени јаболки, сува модра слива. Задолжително има нешто месено или сукано, најчесто зелник со афионско семе или со зеље од праз и ориз.

Коледарчињата наутро сеуште се честа слика. Го најавуваат празничниот ден, за што добиваат „ситни“ пари, ореви, нешто месено, коледашки, бомбони…Се пали бадников оган вечерта претходно.

Сепак и овде има разлики во зависност од тоа од каде потекнува  семејството, од Осоговијата или од полскиот дел на микро-регионот околу Кочани. Разлики се појавуваат дури од маало во маало.

Но, кршењето кравајче со паричка, посната и богата трпеза, дабовото или бадниково гранче и сите дома за Бадниковата вечера, и порано и сега се присутни во секоја куќа.  

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:БадникОбичаи
Претходен напис Православните христијани го слават Бадник
Следен напис Најмногу дожд во Пожаране, утринските температури секаде над нула
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?