Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено
Агровести

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено

Објавено 05/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време, според информациите на дописничката на МИА од Атина, повторно ќе биде затворен граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот празник Водици во Грција.

Земјоделците од северниот дел на земјата кои од 1 декември нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони исто како и вчера, така и денеска на четири часа ќе го блокираат сообраќајот за сите видови возила.

Во однос на следните денови, со оглед на тоа што утре во Грција се празнува Богојавление, земјоделците од целата земја, исто како и за Божиќ и Нова година, планираат да ги отворат сите автопатишта за непречено патување на граѓаните.

Според информациите на МИА, ова ќе важи и за Евзони и во вторник и среда не се планирани блокади.

На вчерашниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучена 48-часовна блокада, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини.

Земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, а нивниот став е дека ќе дојдат на дијалог со Владата, само доколку бидат исполнети сите нивни барања.

За земјоделските протести, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претпладнево свика вонреден состанок. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Евзонинепреченочетиричасовна блокада
Претходен напис АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти
Следен напис Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?