Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти
Агровести

АЕТМ: Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти

Објавено 05/01/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првите девет месеци годинава реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, што е раст од 30 проценти споредено со минатата година, објави денеска Асоцијацјата за е-тргивија на Македонија АЕТМ.

Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18 проценти. Бројот на реализирани трансакции од Македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63.2 проценти, додека вредноста за 45 проценти.  Просечната трансакција на Македонците кон странските е-трговци се намалила за 11.3 проценти. 

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Северна Македонија, согласно кои, како што информираат, може да се забележи дека во првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42,626.6  милиони денари или 693,1 милиони евра, што преставува пораст од 30 проценти во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 533 милиони евра. Најголем апсолутен дел од растот и понатаму го носат домашните картички користени за купување од домашни е-трговци, каде вредноста на трансакциите порасна од 286,9 на 338,5 милиони евра, односно за 18 проценти. Сепак, се вели во информацијата, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 19,461.2 милиони денари или 316.4 милиони евра што преставува пораст од 45 порценти во однос на истиот период минатата година. Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38 порценти, што ја зголемува вредноста од 27,7 на 38,2 милиони евра. 


Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал  2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2  проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност. Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 10.6 милиони трансакции што преставува пораст од 10.4 проценти во однос на истиот период минатат година.

– Податоците за првите девет месеци од 2025 година покажуваат силно забрзување на е-трговијата и тоа не само со направени онлајн нарачки туку и платени со платежни картички односно остварен раст од 30 прпценти на вкупната вредност на онлајн трансакциите во однос на истиот период лани. Особено изразен е порастот кај трансакциите со домашни картички кон странски е-трговци, каде вредноста е зголемена за 45 порценти, а бројот на трансакции за над 63 проценти. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој до сега се нудеше на платформата беше со платежна картичка и охрабри многу граѓани потикнати од широката понуда, ниските цени и бесплатната достава за првпат да направат онлајн купување со платежни картички. Неодамнешната одлука на Temu да воведе и кеш на достава претставува прилагодување кон локалните навики, но воедно отвора прашање дали овој чекор ќе го забави позитивниот тренд на дигитални плаќања, изјави претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков.

Нерамномерниот пораст на вкупната вредност и бројот на онлајн трансакциите јасно се рефлектира и во просечниот износ по трансакција. Имено просечната вредност остварена за купување со македонски картички од странски е-трговци се намалила за 11.3 проценти и изнесува 34.6 евра, додека кон домашните е-трговци се зголемила за 7 проценти и изнесува 32 евра, а со тоа на вкупното ниво просечната вредност останува иста односно 33 евра. 

Во текот на првите девет месеци од 2025 година, регистрирани се 175 новоотворени онлајн продажни места, што, според АЕТМ; претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:30 процентиАЕТМонлајн трансакции
Претходен напис Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ
Следен напис Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?