Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот најави жестоки казни за неколку маркети поради нефер трговски практики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Премиерот најави жестоки казни за неколку маркети поради нефер трговски практики
Агровести

Премиерот најави жестоки казни за неколку маркети поради нефер трговски практики

Објавено 03/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Тоа што молчиме не значи дека не следиме. Веќе во јануари очекувам против два сигурно, а можеби и три такви маркети да отпочнеме жестоки акции“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави жестоки и драконски казни за маркетите што изминатиот период користеле нефер трговски практики. Ова тој го кажа денеска при неговата посета на Општина Карбинци, зборувајќи дека очекува и во декември да продолжи намалувањето на инфлацијата споредено со истиот месец претходната 2024 година.

„Претстојната година очекувам да биде приближно на ниво меѓу два и три проценти што ќе биде пониско од нивото на раст на брутодомашниот производ. Ценам дека внимателната политика на Владата, напуштање на оние политики на воведување мерки, за што знаеме дека еден до два месеци вродија со плод, но во следните месеци тоа се растури и тогаш имавме висока инфлација од четири и пол до близу пет проценти. Сега е веќе под четири проценти, а за следната очекувам да биде меѓу два и три проценти“,рече тој.

Според него, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и на Комисијата за заштита од конкурентност изминатиот период ја следи работата на неколку маркети и ги анализира нефер трговските практики.

„Очекувам овој или во текот на следниот месец да имаме жестоки драконски казни за маркетите што девијантно се однесуваа и преку условно кажано, маркетинг услуги, истражување на пазарот, наметнуваа давачки што може да се квалификуваат како нефер трговски практики кон производителите и дистрибутерите на произвиди во нивните маркети за да имаат подобро место на рафтовите и на складовите.

Посочи дека состојбата ја следат внимателно и дека овој или следниот месец ќе се преземат конкретни мерки.

„Тоа што молчиме не значи дека не следиме. Веќе во јануари очекувам против два сигурно, а можеби и три такви маркети да отпочнеме жестоки акции“,кажа Мицкоски.

Извор – 360 степени

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:јануаримаркетимицкоскицени
Претходен напис УХМР: Следува потопло време, локални врнежи од дожд – пообилни кон средината на идната седмица
Следен напис Грција ќе вложи 420 милиони за автопат кон Евзони и надградба на автопатите, официјално започнува 35-годишната концесија вредна неколку милијарди евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?