Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
Агровести

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба

Објавено 01/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).

– Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 година остварен е промет во висина од 4.158.914.362,00 денари (67.624,624 евра), информира за МИА Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Тој посочува дека  приходот од наплатата од патарини има постојан пораст во изминатите години. Прегледот на вкупно остварениот промет по основ на наплатена патарина, продажба на електронски уреди, надополнување на електронските уреди, плаќање на билети за ненаплатена патарина како и на средства наплатени преку платформата Отворен Балкан (започнувајќи од летото 2023) покажува дека во 2020 биле наплатени 34.029.562 евра, во 2021 година 46.401.122 евра, во 2022 година 53.242.070 евра, во 2023 година 62.077.966 евра, а во 2024 година 66.463.963 евра.  

Од ЈПДП споделуваат дека по повикот за воспоставување поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ, склучен е договор за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина  (таг) со правните лица А1 Македонија и Македонски телеком.

– Во моментот се извршува интеграција на апликативните софтвери помеѓу ЈПДП и правните лица за пуштање во употреба на бараните услуги со М-ТАГ, информираат од ЈПДП.

Собранието во јуни изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа сега се прави само во просториите на ЈПДП. Искуствата во другите држави со ваквиот начин на продажба покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците и оти нивниот  број се зголемил. Се очекуваат придобивки со забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците. 

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:2025 годинаЈПДПМ-ТАГпатарина
Претходен напис Стартува пилот фазата за проектот е-фактура
Следен напис Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?