Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно, натпросечно топло и нестабилно. Особено од пладневните часови па натаму ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во доцните попладневни и вечерни часови нестабилноста ќе биде поголема кога ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град.
Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од југозападен и од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 25 до 31 степен.
Во Скопје и околината, особено попладне и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.
Потоа утре сеуште на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, ќе има услови и за локални грмежи а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура позначително ќе опадне и ќе се искачува во интервалот од 15 до 23 степени.
Во петок и сабота ќе имаме стабилно и суво време, додека во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Во петок и во сабота сеуште ќе дува умерен ветер од северен правец, истиот на некои места повремено ќе засилува.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

