Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците, изречени 60 казни во вредност од над 33.000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците, изречени 60 казни во вредност од над 33.000 евра
Агровести

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците, изречени 60 казни во вредност од над 33.000 евра

Објавено 30/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со спроведените контроли и утврдените недоследности во пресрет на новогодишните и божиќните празници, изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за оператори и одговорни лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо, соопштија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на АХВ, со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите што организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна, појаснија од АХВ.

На територијатата на цела држава спроведени биле вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло.

– Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија, истакнаа од АХВ.

Од Агенцијата апелираа во пресрет на новогодишните празници, да се купува храна од одобрени и регистрирани објекти што ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да се внимава на означувањето на производите, како и на тоа каде тие се чуваат.

– Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура, потенцираа од АХВ.

АХВ

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:624 килограмиахвнебезбедна хранапразниците
Претходен напис Успешно завршен проект – ЕИБ 7 кредитната линија во износ од 100 милиони евра за поддршка на македонски компании
Следен напис Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември зголемен за 6.5 %
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?