Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто, кога и како треба да се проретчат плодовите на овошките?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Зошто, кога и како треба да се проретчат плодовите на овошките?
Растително производствоСовети

Зошто, кога и како треба да се проретчат плодовите на овошките?

Објавено 20/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога имаат поволни услови овошките создаваат повеќе плодови отколку што е потребно, а нивно проретчување се прави заради подобрување на нивниот квалитет и големина. Тоа се прави кај јаболката, крушите, кајсиите, праските и сливите.

Како се проретчуваат плодовите?

Во современите овоштарници, се користат препарати и растителни хормони со кои се тртираат овошките за да отпаднат дел од плодовите и со тоа да е намали оптеретувањето. Исто така постојат и механички направи кои со помош на ротирачки четки поминуваат низ крошната и ги кинат плодовите. Имено, кај големите насади ова е многу поисплатливо, бидејќи работната сила би коштала многу повеќе.

Секако дека кај малите насади и овошките во дворот, хемиското и механичкото проретчување е многу скапо. Затоа во тие случаеви се применува рачно проретчување. Тоа воедно е и најдобриот начин бидејќи така можат да се отстранат сите оштетени или закржлавени плодови, оние со неправилен раст или оние плодови кои се оштетени од некоја болест или од некој штетник, а се оставаат само здравите и најголемите плодови.

Кога е вистинското време?

Првата фаза од проретчувањето е во фазата на цветање, со што се намалува побарувачката на растението за хранливи материи. Но оваа фаза воедно е и ризична бидејќи може да дојде до лошо оплодување и значително намалување на плодовите. Исто така голем ризик претставува и опасноста од пролетен мраз.

Втората фаза е после оплодувањето, а третета пред самата диференцијација. Советите на овоштарите велат дека вистинско време за проретчување е кога плодовите се со големина на ситен орев бидејќи тогаш може да се види дали се правилно развиени.

Потребни растојанија

Одредени овошки можат да формираат навистина многу плодови на една гранка  и ако не се проретчат нивната големина и квалитет ќе бидат лоши. Затоа се препорачува помеѓу плодовите на гранка од 60 сантиметри, да се остават 5 до 6 плодови , односно на секој плод да му се остави простор од 10 до 12 сантиметри , што зависи од сортата.

За јаболката е потребно растојание од 15 до 23 сантиметри, на нектарините 15 сантиметри , за крушите 10 до 15 сантиметри , за сливите и кајсиите 5 до 8 сантиметри.

Предности на проретчувањето

Оваа метода, овозможува сончевата светлина подобро да продира низ гранките и со тоа да се изедначи зреењето и овошките ќе можат рамномерно да ги распределат хранливите материи.

Преголемиот број на плодови на гранките може да доведе до нивно кршење, а тоа може да се спречи со проретчувањето. Исто така се намалува и ширењето на штетниците и болестите.

Иако со оваа техника ќе имате помал број на плодови, тие ќе бидат покрупни, позрели поздрави и со слична големина, а тоа е многу важно за пазарот.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:овошкиовоштарствопроретчување на плодовите
Претходен напис Внимание: Започнува нестабилно време во Македонија
Следен напис Детална анализа на времето за следните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?