Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
Агровести

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони

Објавено 30/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време), јави дописничката на МИА од Атина.

Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници за да го олеснат патувањето на граѓаните, како што беше случај и минатата седмица за Божиќ, а в сабота на заеднички состанок да ги одредат нивните следни чекори.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

На граничниот премин Евзони, блокадата започна ден подоцна, на 1 декември откако земјоделци од северна Грција ги паркираа нивните трактори на грчката страна од границата, а речиси секојдневно во изминатиот месец на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Action 24“ се осврна и на протестите на земјоделците изразувајќи надеж дека во периодот од Нова година до Водици во вторник, земјоделците ќе ги тргнат блокадите и ќе го олеснат патувањето на граѓаните, „без големи тешкотии и непријатности“.

– Колку повеќе се измачуваат граѓаните, толку повеќе земјоделците ја губат оправданоста на нивните барања, особено кога одбиваат да дојдат на дијалог, нагласи Мицотакис.

Додаде дека не треба да се заборави дека во Грција има речиси 400.000 професионални земјоделци, на блокадите можеби има 4.000 трактори, „но огромното мнозинство од земјоделците и сточарите не учествуваат во блокадите“. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Евзониземјоделцичетиричасовни блокади
Претходен напис УХМР: Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
Следен напис Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?