Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Помина и 2025, земјоделството остана на меѓата меѓу старото и новото време
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовска: Помина и 2025, земјоделството остана на меѓата меѓу старото и новото време
Агровести

Николовска: Помина и 2025, земјоделството остана на меѓата меѓу старото и новото време

Објавено 29/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За Земјоделската 2025 година нема ништо ново што да се каже, а веќе да не сме го апсолвирале, критикувале или сугерирале со години.

Продолжува стихијното производство, пласманот се решава кога ќе стигне родот, здружувањето на земјоделците тапка во место, без чувство на заедништво, субвенции најчесо се трошат за основни потреби, а не за инвестиции и модернизација, странските позитивни земјоделски примери не допираат, менталитетот на земјоделецот тежок на промени и недоверлив и како да е малку ова, доцнат субвенциите, поддршката од државата за која веќе не зборуваме дали има развоен ефект, туку како единствено решение за опстанокот на некои земјоделски и сточарски гранки.

Да не е производството на зелка, пиперка и тутун како доходовни гранки од кои се задоволни земјоделците, другото е загрижувачки, обесхрабрувачки дури и за најголемите оптимисти како мене.

Кое е решението или што е она што треба да се направи во 2026 година и потоа.

Производителите да инвестираат во професионално земјоделство кое носи профит. Такви позитивни примери има кај нас.

Државата да исплаќа редовни субвенции и да продолжи со мерките кои даваа резултати последните години, особено во сточарското производство.

Земјоделците да чекаат да почнат преговорите со ЕУ и да се прилагодуваат на Заедничката земјоделска политика на Унијата во која има добри мерки, закони и пари. И да се надеваат на побрз влез во ЕУ.

Не велам повеќе да се здружуваат, оти тоа не допира до нив. Мора да се изнајде некој нов модел, специјално создаден за менталитетот на нашиот земјоделец со кој ќе се натераат заеднички да делуваат и нема да ги уценуваат откупувачите и трговците, ама и тие ќе произведуваат квалитет и согласно европските стандарди за безбедност на храна. Или државата да им изгради, ладилници, силоси и откупни центри и така да им се помогне со пласманот.

Банките и финансиските друштва да се ангажираат за полесен пристап до финансии за инвестиции и модернизација на земјоделското производство. Земјоделците имаат потреба од пари за нова механизација и нова технологија.

Државата повеќе да ги поддржи поголемите агрокомпании кои произведуваат по ЕУ стандарди, инвестираат и моментално го носат домашното производство на храна, извезуваат и обезбедуваат влез на девизи.

И да се надеваме дека брзо ќе продолжи ИПАРД 3 – најдобрата работа за инвестирање во земјоделството и руралниот развој.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:државаземјоделствоипардсубвенциитутун
Претходен напис Отворени граничните премини Евзони и Ники кон Грција
Следен напис УХМР: Претпладне сончево, а попладне облачно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?