Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди
Агровести

Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди

Објавено 29/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На дизел возилата што ги исполнуваат стандардите Еуро 5 и возилата на бензин со стандардите Еуро 2 од 1 јануари 2026 година ќе им биде забрането движење во регионот на Брисел, соопшти бриселската Регионална агенција за животна средина.

Агенцијата информира и дека за ваквата забрана ќе испрати писма со предупредување до сопствениците на возила што не се во согласност со прописите, во кои ќе ги потсети дека ќе им следи казна од 350 евра ако ја прекршат забраната двапати во период од три месеци.

Ваквата забрана е дел планот за намалување на емисиите на штетни гасови во Брисел, познат како ЛЕЗ, што се имплементира во фази.

Регионалниот парламент на Брисел претходно се изјасни за одлагање на стапувањето во сила на забраната, но Уставниот суд на Белгија кон средината на овој месец ја поништи ваквата одлука на бриселските пратеници.

Инаку, покрај за возилата, забраната за движење низ Брисел ќе се однесува и за мотоциклите што ги исполнуваат стандардите Еуро 1 или Еуро 2.

Според Регионална агенција за животна средина, забраната ќе опфати околу 33.000 возила регистрирани во Брисел, што претставува околу седум проценти од вкупниот број возила во градот.

Следната фаза на ЛЕЗ ќе започне на 1 јануари 2028 година, од кога ќе биде забрането движење на дизел возилата со стандардот Еуро 6 и бензинците со Еуро 3.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:1 јануариБриселдизел возилатазабрана
Претходен напис Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
Следен напис Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?