Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
Агровести

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци

Објавено 29/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време), јави дописничката на МИА од Атина.

По пауза од четири дена за божиќните празници и за да го олеснат патувањето на граѓаните, земјоделците низ цела Грција во саботата одново започнаа со блокадите, а оние кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин Евзони, веќе трет ден протестираат со две четиричасовни блокади за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.

Од АМСМ информираа дека грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, додека, пак, според грчката новинска агенција АНА-МПА, блокадата за камионите ќе трае 12 часа, а не е исклучена можноста во вечерните часови да постои едночасовна блокада и за патничките возила.

Низ цела Грција денеска кулминираат блокадите, во попладневните часови три часа ќе бидат блокирани и споредните патишта што ги поврзуваат Атина и Солун, со што Грција ќе биде поделена на два дела, со оглед на тоа што автопатот е веќе блокиран, дополнително затворен автопатот Јониа што ги поврзува градовите Антирио и Јанина.

Се очекува и за Нова година, односно од утре до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:граничниот преминЕвзонизатворенземјоделци
Претходен напис Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
Следен напис Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?