Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема договор за минималната плата, Владата не е против зголемување, но да е економски оправдано, синдикатот најавува порадикални мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема договор за минималната плата, Владата не е против зголемување, но да е економски оправдано, синдикатот најавува порадикални мерки
Агровести

Нема договор за минималната плата, Владата не е против зголемување, но да е економски оправдано, синдикатот најавува порадикални мерки

Објавено 22/12/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Економско-социјалниот совет денеска не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Од Владата велат дека не се против зголемување на минималната плата, но дека тоа треба да е економски оправдано. Економските параметри во моментот, како што велат од Владата, покажуваат дека нема потреба од такво нешто. Од Сојузот на синдикати остануваат на ставот за зголемување на минималната плата со оглед на тоа што секојдневно растат животните трошоци. Ги повикаа Владата и работодавачите да се договорат, а во спротивно најавуваат порадикални мерки по Нова Година. 

– Според анализите и актуелните податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата во ноември изнесува 0,5 проценти, а на годишно ниво 4 проценти што укажува на стабилизација на ценовните движења. Проекциите се дека следната година инфлацијата ќе падне под три проценти. Како Влада никогаш не сме биле против зголемувањето на минималната плата, туку преку дијалог оставаме таа да биде договор меѓу работодавачите и синдикатите. Сепак, според ваквите економски индикатори, нема оправданост за интервентно зголемување на минималната плата пред редовното усогласување во март кое е јасно утврдено и кое би било помеѓу 1.500 и 2.000 денари, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши.  

Интервентното зголемување без продуктивност и реални економски параметри, како што рече Дурмиши, ќе создаде дополнителен притисок особено врз малите претпријатија и ризик за работните места.

Дурмиши не се согласува со констатацијата дека во земјава има најниска минимална плата. 

Претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов останува на ставот дека е неопходно зголемување на минималната плата, но и на останатите плати, затоа што, како што вели, планираното законско зголемување во март догодина во износ од околу 15.000 денари нема да биде доволно споредено со порастот на трошоците за живот. 

– Чекаме да се договорат Владата и работодавачите имајќи предвид дека се лицитираше со 600, 700, 800 дури и 1000 евра износ на минимална плата. Очекуваме како ќе се договорат тие, но пожелно е договорот да се случи побрзо бидејќи работниците едвај врзуваат крај со крај со оваа минимална плата, рече Трендафилов по седницата на ЕСС.

Тој нагласи дека ССМ е оставен сам да се бори за зголемување на платите и оти сите други, па дури и другите синдикати се здружени и против ССМ и против зголемувањето на минималната плата што се потврдило и на денешната седница. 

– Ќе заклучам дека ако ја чекавме претходната Влада во 2022 да го почитува само Законот за минимална плата, ако не протестиравме и да не издејствуваме промена за критериумите, денес работниците ќе имаа 19 илјади денари минимална плата што би било двапати под дното, рече Трендафилов, најавувајќи порадикални мерки во иднина.

Кај него не останува многу простор за оптимизам, оти, како што истакна, годинава имало 13,8 проценти повеќе средства за зголемување на плати, а тие се зголемиле помеѓу 5 и 7 отсто, а за в година се предвидени 7 проценти, што според него, би значело помало зголемување на платите.

– Тогаш каков е планот за зголемување на платите на работниците, или ќе добијат парцијално одредени категории работници во одредени дејности наспроти други категории работници, рече претседателот на ССМ.

Според Бизнис конфедерацијата, има шанси за преговори до март кога е законското усогласување, но енормно зголемување на минималната плата е невозможно.

– Се договоривме дека ќе се договараме, конкретен договор нема. Се надевам дека во тек на овој период до законското усогласување во март имаме шанси да преговараме. Има модели како може да ја договараме минималната плата. Еден од предлозите на Бизнис конфедерацијата е во рамки на Законот за работни односи да се прошири колективното договарање со што ќе се вклучи и минималната плата особено во одредени сектори. Нашиот предлог е дека со договарањето на минималната плата во одредени сектори може да се намалат и злоупотребите така што топката е помеѓу синдикатите и работодавачите, рече претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Владатазголемувањемеркиминималната платанема договор
Претходен напис АМСМ: Поради магла намалена видливост на неколку патни правци
Следен напис Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?