Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
Агровести

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја

Објавено 22/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај за сите возила, со исклучок на итни случаи.

На преминот Ники (Меџитлија) сообраќајот шест часа ќе биде во прекин за товарни возила почнувајќи од 18 часот по локално време, додека за автомобилите блокадата ќе трае два часа од 20 до 22 часот, исто така по локално време.

Блокади има и на другите гранични премини, на Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони, додека пак на Кипи кон Турција денеска ќе биде отворен преминот. 

Низ цела Грција, остануваат блокадите на земјоделците поставени на 30 ноември, кои велат дека ќе останат на улица сè додека не бидат исполнети нивните барања, а нема да се повлечат ниту за празниците.

Сепак, се очекува, како за Божик, така и за Нова година, почнувајќи од утре да ги олабават блокадите за да можат граѓаните непречено да стигнат до нивните планирани дестинации за време на празниците, но без при тоа да ги повлечат сите паркирани трактори од автопатите.

МИА

Може да ви се допадне

Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Таг:блокадиграничните преминиевзониНики
Претходен напис Крстевски: Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град 
Следен напис УХМР: Од утре повторно дожд, стабилизација на времето од петок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?