Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Меркосур одложено за јануари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Меркосур одложено за јануари
Агровести

Потпишувањето на трговскиот договор ЕУ-Меркосур одложено за јануари

Објавено 19/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Церемонијата на потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од Меркосур, што требаше да се одржи утре во Бразил во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е одложена за јануари следната година.

Извори во Еврокомисијата информира дека ваквата одлука Фон дер Лајен синоќа лично им ја пренела на европските лидери присутни на Самитот во Брисел, посочувајќи дека таа е донесена во договор со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, кој е актуелен претседавач со Меркосур.

Одлагањето е на барање на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која инсистирала да добие дополнително време „за да успее да ги увери“ земјоделците во Италија дека нема да бидат погодени од приливот на евтино живинско и говедско месо од Јужна Америка.

Европските земјоделци стравуваат дека врз основа на Договорот, во ЕУ ќе може слободно да се увезуваат земјоделски производи, вклучително и живинско и говедско месо, од земјите од Меркосур – Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, по значително пониски цени од оние на производителите во Унијата.

Со цел да ги отстрани ваквите стравувања на европските земјоделци, ЕУ уште во средата вечерта изврши измени на Договорот, со кои се предвидува можност за повторно воведување на царини за живината и говедското месо од Латинска Америка, доколку нивниот увоз ги дестабилизира европските пазари.

Од друга страна, земјите членки на ЕУ што го поддржуваат договорот со Меркосур, на чело со Германија, бараат гаранции дека документот сепак ќе биде потпишан во јануари и дека нема да има понатамошни одлагања.

Тие стравуваат дека дополнителни одлагања би можеле да ги охрабрат противниците на Договорот во ЕУ во нивните обиди за блокирање на документот, како и дека целиот процес би можел да се искомплицира откако претседавањето со Меркосур на крајот од годинава ќе го преземе претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, кој е скептичен кон договорот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еУјануариМеркосурпотпишувањетотрговскиот договор
Претходен напис Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени – 4
Следен напис Кастриот Арифи во „Бизнис-клуб“: „Образованието треба да се фокусира на развој на вештини, критичко мислење и медиумска и дигитална писменост“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?