Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денес се празнува Свети Николај Чудотворец – еве што не треба да се прави на овој голем празник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денес се празнува Свети Николај Чудотворец – еве што не треба да се прави на овој голем празник
Агровести

Денес се празнува Свети Николај Чудотворец – еве што не треба да се прави на овој голем празник

Објавено 19/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес православните христијани го одбележуваат празникот Свети Никола, една од најраспространетите семејни слави меѓу Македонците, но и меѓу останатите православни верници.

Често се вели дека половина од народот го празнува, а другата половина е на гости кај оние што слават.

Со овој празник се поврзани бројни народни верувања и обичаи, кои, и покрај времето, сè уште се почитуваат во многу домови. Во народната традиција, Свети Никола важи за строг, но исклучително праведен светител. Се верува дека токму на неговиот ден човек треба да внимава на своето однесување и постапки, бидејќи секое непочитување на обичаите може да донесе немир, болест или несреќа во домот.

Според старите верувања, на овој празник треба да се избегнуваат одредени активности. Не се препорачува перење алишта, чистење на домот или извршување тешки домашни работи. Исто така, народот советува да не се земаат во раце остри предмети како ножеви, ножици или секири, бидејќи се смета дека со тоа симболично се „пресекуваат“ среќата и мирот во куќата, што може да има последици во текот на следната година.

Во различни краишта на Македонија се зачувале специфични обичаи поврзани со празникот. Во јужните делови, и денес се подготвуваат шарени колачи во форма на птици, кои се носат во црква на осветување, а потоа се делат на децата и гостите. Во некои семејства, на овој ден се сее божиќна пченица, како симбол на бериќет, напредок и успешна година.

Зачуван е и обичајот децата да се даруваат со ситни подароци и слатки, а народното верување вели дека простувањето долгови на Свети Никола носи благосостојба и среќа во периодот што следува.

Свети Никола во народната свест е чудотворец и заштитник на патниците, морнарите, сиромашните и децата. Неговата слава се празнува на 19 декември и секогаш паѓа во време на божиќните пости, поради што трпезата е посна, а рибата е најчестиот избор.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:денесМирликискиСвети Николај Чудотворец
Претходен напис Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија
Следен напис АХВ: Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?