Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани
Агровести

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Објавено 12/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image
„Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум илјади помалку невработени. Односно, ако во третиот квартал минатата година имало околу 698 илјади вработени, сега има 705 илјади. Минатата година, во третиот квартал, имало 98.000 невработени, а сега има 91.000, што значи дека бројот на вработени и невработени пропорционално се зголемува односно намалува“, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на најновите податоци од Државниот завод за статистика, во врска со информација за движењето на невработеноста.
Премиерот Мицкоски се осврна и на трендот што голем број иселени македонски граѓани одлучуваат да се вратат во државата и тука да отпочнат свој бизнис.
„Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани, последните десет години поради состојбата која што беше во државата кои што  одлучија да заминат, полека се враќаат. Голем дел од луѓето кои што тогаш заминаа, еве остваруваат контакти со мене или со голем дел со институциите во Владата и одлучуваат да се вратат и повторно тука да го продолжат својот живот, што исто така е охрабрувачки тренд. Тоа значи дека ќе се зголемува бројот на вработени, ќе се зголемува бројот на луѓе кои што ќе отпочнат свој бизнис или пак ќе најдат начин како да работат тука, дома, наместо некаде надвор, бидејќи и таму, гледате, состојбата каква е, со многу проблеми, обременета. Така што тоа е тренд кој што охрабрува, и јас сум уверен дека тој тренд ќе продолжи. Така што овој параметар е добар и охрабрувачки“, изјави премиерот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вработеностграѓаникварталМицкоски
Претходен напис На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
Следен напис Синпекс: AGRINA Мулчер 1,55м на 12 рати без камата!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?