Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски 
Агровести

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски 

Објавено 12/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Хартиените потврди за царински долг (платени царински давачки) кои се потребни за упис и промени на правниот субјект стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик, елетронски, ги добива овие податоци од Царинската управа, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено, се овозможува безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што се делува и во насока на сузбивање можни измами.

Ова го соопштија денеска директорите на Царинската управа и Централниот регистар, Бобан Николовски и Анита Стамнова кои на прес-конференција информираа за електронското поврзување на двете институции.

Како што напомена Николовски, досега годишно се издаваа по 7 000 до 9 000 хартиени потврди за царински долг што значеше пет до десет дена обработка на секое барање и административен товар за фирмите и граѓаните низ целата држава.

-Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски. Сега граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка. Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот, потенцира директорот.

Според Стамнова, ако порано беа потребни неколку дена за добивање на потребните потврди од Царината, како и да се патува од другите градови во Скопје, сега, преку електронско поврзување, потврдите ќе се добиваат за неколку минути. 

– Rreth 80.000 kompani janë aktive në vend, ndërsa për 40 për qind është rritur numri i atyre që në mënyrë elektronike parashtrojnë fatura, informon sot drejtoresha e Regjistrit Qendror, Anit

-Ова е првата фаза од надградбата на едношалтерскиот систем. Втората фаза е надградбата во однос на документите кои се добиваат од УЈП – потврдата за платени даноци и придонеси. Потоа ќе следи поврзувањето со Централниот регистар на население за автоматско преземање на податоците на граѓаните и на деловните субјекти за платените царински давачки. Ова значи заштеда на време за граѓаните, заштеда на финансиски средства, пред се на патните трошоци, но и намалување на административната работа, подвлече Стамнова.

Централниот регистар и Царинската управа, додаде, остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии за овозможување поедноставни и поефикасни услуги.

-Продолжуваме да ги развиваме нашите услуги и ги охрабруваме сите чинители во давањето јавни услуги за бизнисите и граѓаните на меѓусебна соработка со цел имплементација на поефикасни електронски услуги, односно градење функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на државата, рече директорката.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:електронскиЦаринската управа
Претходен напис Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Следен напис Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?