Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штефан Павлињек во „Бизнис-клуб плус“: „Нашата цел е да ги задржиме клиентите, а во исто време да создаваме нови производи“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штефан Павлињек во „Бизнис-клуб плус“: „Нашата цел е да ги задржиме клиентите, а во исто време да создаваме нови производи“
Агровести

Штефан Павлињек во „Бизнис-клуб плус“: „Нашата цел е да ги задржиме клиентите, а во исто време да создаваме нови производи“

Објавено 12/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Штефан Павлињек, директор на групацијата „Рото“, познат стопанственик и претприемач, пионер на ротомолдинг-технологијата во Централна и Југоисточна Европа и долгогодишен љубител на авијацијата. Разговорот се фокусираше на развојот на групацијата „Рото“, воведувањето напредни ротомолдинг-технологии за производство на полимерни производи и на освојувањето на регионалните и на светските пазари.

Павлињек својата кариера ја започнал веднаш по дипломирањето како машински инженер, во малата занаетчиска работилница што ја основал во 1974 година. Со развојот на ротомолдинг-технологијата и на новите производи, постепено откупувал фабрики низ поранешна Југославија – токму оние кои биле негови конкуренти – поставувајќи ги темелите на денешната меѓународна групација „Рото“, која денес работи во четири европски земји.

Павлињек истакна дека групацијата „Рото“ денес располага со осум производствени фабрики ориентирани кон извозот. Секоја фабрика е специјализирана за сопствен тип на производ: од буриња за вино, резервоари и мелиорациски системи преку делови за трактори, јахти, мотори и за авиони до целосна изработка на чамци, јахти и кајаци. Со растечката еколошка свест, групацијата интензивно инвестира во опрема за прочистување на водите, која се развива и се произведува во фабриките во Франција, Англија и во Словачка.

Павлињек потврди дека групацијата има фабрика и во Северна Македонија, во Виница.

Тој изјави дека од работа исклучиво на регионалниот пазар компанијата денес извезува во околу 70 држави низ светот. Ширењето на меѓународниот пазар значително придонело за подобрување на квалитетот на производите, а барало и современа технологија на производство, стручен кадар и воведување нови стандарди во работењето. „Основната цел ни е да ги задржиме постојните пазари, но истовремено да создаваме и нови производи“, истакна Павлињак.

Покрај успешен деловен човек, Павлињек е и искусен пилот и коорганизатор на меѓународни шампионати со балони на топол воздух. Поседува сопствен авион, кој го смета за неопходно превозно средство во време на глобализација на економијата, затоа што, според него, присуството на пазарите и комуникацијата со клиентите се клучни. Пилотирањето го споредува со водењето компанија – мора да имаш цел, пат до целта и способност да управуваш со ризици.

Во 2015 година, во Ловењаков Двор во Полана кај Мурска Собота, основал сопствена дестилерија „Св. Стефан“ за производство на жестоки пијалаци, ликери, вино и ракија.

Павлињек е активен и во јавниот и во професионалниот живот: претседател е на Балонската секција при Воздухопловната асоцијација на Словенија, почесен конзул на Република Северна Македонија во Словенија од 2014 година, претседател на Стопанската комора за занаетчиство и мали бизниси на Словенија (2002 – 2012), како и словенечки вински конзул и витез.

Меѓу големиот број признанија што ги има добиено, како свое најдраго признание ја издвојува ЕУ-наградата за извонредност во семејниот бизнис од 2016 година, која, како што вели, е најсилна потврда за неговата работа и долгогодишна посветеност.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бизнис-клуб плусклиентитепроизводиШтефан Павлињек
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот по претежно суви коловози, намалена видливост кај Демир Капија
Следен напис Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?