Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Евробарометар: Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Евробарометар: Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
Агровести

Евробарометар: Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ

Објавено 07/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Дури 79 отсто од жителите на земјите членки на Еврозоната сметаат дека постоењето на еврото е добро за Европската Унија, а 70 проценти веруваат дека заедничката европска валута е добра и за нивната држава, покажува најновото истражување на Евробарометар на Европската комисија.

Ваквите резултати од анкетата, според Европската комисија, покажуваат дека јавната поддршка за еврото останува многу силна меѓу европските граѓани.

Мнозинството испитаници сметаат дека еврото ги направило патувањата полесни и поевтини, а дури осум од десет анкетирани оценуваат дека заедничката валута ја олеснила купо-продажбата меѓу земјите членки на Еврозоната.

Анкета покажува и дека 61 отсто од испитаниците сметаат оти треба да се укинат монетите од едно и две евроценти, со што како најмала монета би останала таа од пет евроценти.

Резултатите од истражувањето покажуваат високо ниво на поддршка на европските граѓани за Инструментот за закрепнување и отпорност (РРФ), кој беше формиран во 2021 година со цел да им се помогне на земјите членки да се справат со последиците на Ковид пандемијата и да го поттикне нивниот економски раст, да ги направат нивните општества поодржливи и да ги подготви за спроведување на зелената и дигиталната транзиција.

Над две третини од анкетираните или 67 отсто ја поддржуваат идејата Унијата финансиски да го помага закрепнувањето на земјите членки, под услов тие да ги насочат средствата во зелени, дигитални и социјални инвестиции и да ги спроведат планираните реформи.

Истражувањето на Евробарометар е спроведено помеѓу 15 и 23 септември 2025 година со анкетирање на над 18.600 испитаници од сите 20 земји членки на Еврозоната. сп/јт/

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:европандемијапари
Претходен напис Доцни есенската сеидба на житни култури во Штипско-овчеполскиот регион
Следен напис Храна која го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?