Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Измени на Законот за јавни патишта за поставување интелигентен транспортен систем на коридорите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Измени на Законот за јавни патишта за поставување интелигентен транспортен систем на коридорите
Агровести

Измени на Законот за јавни патишта за поставување интелигентен транспортен систем на коридорите

Објавено 05/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска даде едногласна поддршка за Предлог законт за измени на Законот за јавни патишта, во прво читање, со коишто се врши усогласување со европското законодавство  што е основа за воспоставување на Интелегинтен транспортен систем (ИТС) на паневропските коридори во државава. 

За планираното поставување ИТС на Коридор 10 во државава  во тек е тендер за избор на изведувач, а таков систем во иднина се планира и на Коридор 8. Според целите од Националната транспортна страттегија за ИТС тоа треба да се направи до 2030 година. 

Со законските измнеи ќе се имплементираат одредбите од Директива 2010/40/ЕУ, со која се предвидуваат правила за распоредување на интелигентни транспортни системи во патниот транспорт. Целта на таа Директива е  да го поттикне развојот на иновативни транспортни технологии за создавање интелигентни транспортни системи (ИТС). 

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири на седницата образложи дека хармонизацијата со европското законодавство ќе придонесе за  зголемување на ефикасноста, сигурноста и одржувањето на транспортниот систем, обезбедувајќи информации во реално време, поголема безбедност, подобра инфраструктура, намалување на негативните влијание во животната средина… 

– Оваа директива заедно со регулативата  ќе ги одреди техничките спецификации за ИТС предвидувајќи обврски за државите кандидатки како предуслов за натамошно интегрирање.  Усогласувањето со европските стандарди ќе овозможи развој на подобри дигитални услуги, подобро поврзување со  транспортниот систем на ЕУ и унапредување на безбедноста во јавниот транспорт, рече Зеколи Шаќири. 

Пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски најави поддршка за Предлог законот, но забалежа дека „се доцни со неговото поднесување“ бидејќи, како што рече, тендерската документација била во финална фаза пред година и половина.  Носењето на овој закон и примената на овие системи, според него, ќе биде сериозен придонес во развојот на транспортниот сектор во државата затоа што, потенцираше, транспортот не претставува само изградба на пруги и патишта, туку и  мерки во однос на бебзедноста, управувањето, сообраќајот. 

– Тоа е проект што го почнавме во 2018 година. Во декември 2019 година  Светска банка го одобри  проектот за олеснување на трговијата и транспортот и почна да се имплементира од 2020 година. Претставува регионален проект и е суштина за меѓусебно поврзување, односно за интероперабилност и интерконективност   во рамки на регионот.  Една од компонентите на овој проект е воспоставиување на интелигентен транспортен систем  кој предвидува управување со сообраќајот во реално време и ќе значи сериозен придонес за поврзување со транспортните интелигентни системи на земјите од ЕУ. Суштинската работа е безбедносата во сообраќајот на патиштата, рече Трајчуловски. 

Според најавите, во првата фаза треба да се воспостави ИТС систем долж Коридорот 10, од Велес до ГП „Богородица“, а во втора фаза од Велес кон ГП „Табановце“, а во иднина и на Коридор 8.

Проектот се реализира заедно со Светска банка која даде грант за системот на Кородорот 10 од околу 13 милиони евра, односно 60 проценти од инвестицијата во проектот.

– Светска банка го работи тендерот за изведувач на системот на Коридорот 10. За година до година и половина ќе имаме целосно дигитализиран хајтек автопат од Табановце до границата со Грција. Нешто што ќе помогне во безбедоста на сообраќајот. По завршување на системот ќе се следи сообраќајот од минута во минута на Коридорот 10, а институциите ќе можат да реагираат на одредени неправилности на автопатот, информираше вчера вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:изменијавни патиштакоридоритетранспортен систем
Претходен напис Листа на кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот за рибар
Следен напис УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?