Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Досега се откупени над еден милион килограми тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Досега се откупени над еден милион килограми тутун
Агровести

Трипуновски: Досега се откупени над еден милион килограми тутун

Објавено 05/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Согласно Законот за тутун и тутунски производи, откупната сезона најрано може да почне на 15 ноември, а крајниот датум за почеток на откуп е 15 декември. Во овој момент не е пробиен законскиот рок за да започне откупот на тутунот. Според последните информации што ги добивам од Сојузот, од теренот и од самите земјоделци, најголем дел од компаниите веќе имаат започнато со откуп на тутун од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој посочи дека, според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над еден милион килограми тутун.

„Од тие над еден милион килограми, околу 967.000 килограми се откупени како прва категорија, а многу мала количина како втора и трета категорија. Просечната откупна цена по килограм изнесува 419 денари, што е за речиси 19–20 денари повисоко од минатогодишната сезона, каде што заврши на 400 денари по килограм“, појасни министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека очекува оваа откупна сезона да заврши навремено и со правилно вреднување на класите на тутунот.

„Би сакал да потенцирам дека годинава тутунарите добија државна поддршка за зелена нафта со значајна литража, што сериозно влијае на намалување на производните трошоци“, нагласи тој.

Трипуновски истакна дека Министерството ќе го следи целиот процес на откуп на тутун, а крајниот рок за завршување на откупот е крајот на февруари.

МЗШВ

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:милион килограмиоткупениТрипуновскитутун
Претходен напис Листа на кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот за рибочувар
Следен напис Листа на кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот за рибар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?