Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата и државните институции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата и државните институции
Агровести

Мицкоски: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата и државните институции

Објавено 01/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри и најави дека набрзо, односно напролет ќе има промени како во Владата, така и во државните институции.

„Мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали кој ќе биде министер за европски прашања и потпретседател на Владата“, изјави премиерот Мицкоски.

Во однос на Министерството за здравство, премиерот Мицкоски посочи дека во моментов нема да има промени иако секогаш има простор за напредок и секој треба да добие шанса, но тој цени дека до овој момент Азир Алиу пристојно си ја врши својата работа.

Премиерот Мицкоски додаде дека после партискиот конгрес и сите преструктурирања ќе има промени и во Владата и државните институции за формирање на тим кој ќе го носи товарот до следните избори.

„После конгресот после сите преструктурирања во рамките на партијата напролет очекувам некаде да имаме и освежување во рамките на Владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и во рамките на државните институции, така што ова е тој грантограм кој во следниот период како претседател на Влада и доколку ја добијам довербата на делегатите, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ не очекува. Формирање на овој тим кој потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаМицкоски
Претходен напис Министерот Трипуновски на средба со одгледувачите на овци
Следен напис ЗК Пелагонија најави отворање на „АгроЕкоСтаница за зелени вештини“- Место каде традицијата во земјоделството се среќава со дигиталните иновации!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?