Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Е-трговијата на Балканот под просекот на ЕУ, во земјава 36,4 отсто од граѓаните купуваат онлајн
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Е-трговијата на Балканот под просекот на ЕУ, во земјава 36,4 отсто од граѓаните купуваат онлајн
Агровести

Е-трговијата на Балканот под просекот на ЕУ, во земјава 36,4 отсто од граѓаните купуваат онлајн

Објавено 01/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на 2024 година жителите на Западниот Балкан на возраст од 16 до 74 години речиси двојно поретко нарачувале стоки или услуги преку интернет отколку граѓаните на ЕУ, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Така, додека просекот на ниво на ЕУ е 60,2 отсто, во Северна Македонија уделот на оние кои лани пазарувале преку интернет изнесувал 39,4 отсто, што, пак, е повеќе од стапките во Босна и Херцеговина каде изнесува 34,8, Црна Гора со 24,5 и Албанија со 16,3 проценти. Секоја од четирите држави е третирана како еден статистички регион.

Во Србија, која е поделена на четири региони, состојбата е нешто подобра, па така во реонот на Белград таа стапка е 52,4 отсто, додека во останатите статистички региони се движи од 44,3 во „Јужна и Источна Србија“, 44,9 во „Шумадија и Западна Србија“, до 48,4 проценти во Војводина.

Инаку, и во земјите членки на ЕУ од Балканот оваа стапка е под европскиот просекот. Во Хрватска тој удел e 52,5 отсто, во Словенија во источниот регион 49,8, додека во западниот 58,9, а во Грција, со исклучок на регионот „Егејски Острови-Крит“ каде изнесува 68,3 проценти, таа се движи од 40,8 во „Централна Грција“, 56,5 во „Атика“, до 57,3 отсто во „Северна Грција“.

Во Бугарија, пак, стапката на граѓани кои купуваат онлајн се движи од 21,7 отсто во југоисточниот регион, 24,9 во северозападниот, 26,5 во јужниот, 33,1 во североисточниот, 36,8 во северниот, до 44,7 проценти во југозападниот регион, во кој спаѓа и Софија.

Во Романија, тој удел е највисок во Букурешт од 51 отсто, додека во останатите седум статистички региони се движи од 26,4 до 40 проценти.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БалканотЕ-трговијатаеуонлајн
Претходен напис Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
Следен напис Министерот Трипуновски на средба со одгледувачите на овци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?