Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија и потпишување договори за кофинансирање со нови проекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија и потпишување договори за кофинансирање со нови проекти
Агровести

Промоција на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија и потпишување договори за кофинансирање со нови проекти

Објавено 01/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Промоција, со која ќе се означи почеток на реализација на два проекти одобрени во рамки на првиот повик од ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, ќе се одржи денеска во Оперативен и тренинг центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. На настанот ќе бидат потпишани договори за национално кофинансирање меѓу носителите на проектите и Министерството за локална самоуправа. 

Во рамки на настанот, како што информира Министерството за локална самоуправа, ќе биде потпишан и Договорот за Партнерство за „Техничката Помош на Програмата за Прекугранична Соработка Северна Македонија–Албанија во рамките на финансиската алокација за 2023 година”.

На настанот ќе се обратат министерот за локална самоуправа Златко Перински, евроамбасадорот Михалис Рокас, генералниот директор на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош во Република Албанија Еридана Чано, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.

Овие проекти, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, промовираат одржлив регионален развој, заштита на животната средина и безбедност на заедницата, додека го зајакнуваат соработката во и меѓу локалните заедници преку границата. Тие исто така имаат за цел да изградат регионални капацитети за одржлив раст на туризмот. Вкупната сума на овие проекти е повеќе од 1,6 милиони евра.

Од Делегацијата потсетуваат дека ова е една од петте програми каде Северна Македонија е вклучена со своите соседи. Оваа програма има за цел да го подобри прекуграничната соработка и да го поттикне регионалниот развој. Овој пакет финансирање од ЕУ во висина од околу 12 милиони евра е дизајниран да ги поддржи проектите што промовираат економски раст, одржливост на животната средина и социјална интеграција во двете држави. Со инвестирање во стратешки партнерства и проекти водени од заедницата, ова финансиска помош има за цел да донесе трансформативни промени, да ги олесни заедничките цели и да ги продлабочи врските меѓу соседните заедници. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АлбанијадоговориМакедонијапрекугранична соработкапромоција
Претходен напис УХМР: Сончево, претпладне со магла во одделни котлини
Следен напис АМСМ: Сообраќајот непречено, по влажни коловози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?