Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
Агровести

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување

Објавено 28/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и за цената на операторот на пазарот на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, увери дека овие одлуки нема да предизвикаат зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

-По носењето на овие одлуки, потенцирам дека во никој случај нема да се зголемат, ЕВН Хоум како универзален снабдувач ќе направи пресметка согласно Законот за енергетика и ќе ја достави на увид до РКЕ, за да се провери дали е во согласност со тарифниот систем кој е сега во сила, истакна Бислимовски.

Тој потсети дека тарифниот систем се базира на блоковски начин на тарифирање, воведен во 2022 година кој, споре него, придонесе да се намали потрошувачката на домаќинствата и да се испрати сигнал до потрошувачите дека нерационалната потрошувачка носи повисоки сметки.

-ЕСМ е сложена компанија и сите ние треба да превземаме чекори и мерки кои ќе му овозможат финансиска стабилност. Од тие причини, со блоковската структура се намалува потрошувачката кај домаќинствата и се остава простор за поголеми количини ЕСМ да не ги продаваат на ЕВН Хоум по цена од 65 евра, која е речиси двојно пониска од пазарната и дури пониска од производната цена и јасно е дека таа цена доведува до загуби, нагласи Беслимовски.

Според него, целта е што е можно повеќе количини на електрична енергија ЕСМ да ги продава на слободниот пазар, каде што цената моментално изнесува околу 130 евра за мегават-час.

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:дистрибуцијапоскапувањеРкетарифите
Претходен напис Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија од 1994 година
Следен напис Механизацијата на терен – спречена поплава на Подлог
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?