Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
Агропрогноза

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации

Објавено 28/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.

Истражувањата за климатските изгледи за зима, како што велат од УХМР, се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери.

Според УХМР, моделите покажува значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата доверба (50-60% веројатност) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа. Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните три месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.

-Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.
Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари, истакнуваат од УХМР.

Сезонскиот изглед за тeмпературите на воздухот во период декември 2025 – јануари 2026 – февруари 2026 со поголема веројатност покажува надпросечни вредности на целата територија, а најголемото отстапување се очекува да биде во северниот дел.

-Во однос на врнежите за оваа сезона, моделите не даваат прецизен сигнал. Просечно врнежлива зима со негативно отстапување во западните делови е најверојатното сценарио за оваа зима. Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.

Оттаму посочуваат дека повеќегодишната просечна температура за зимата (декември-јануари-февруари) се движи од -1,5°C измерена на метеоролошката станица во Маврово до 5,0°C измерена  во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90mm измерени на МС Штип  до 319,4mm измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

Во однос на просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје, од УХМР велат дека изнесува 2,0°C, а просечната количина на врнежи 110mm.

УХМР

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:зиматамесечни осцилациипотоплапросекотухмр
Претходен напис Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
Следен напис Интервентен фонд за земјоделство: 10 денари за килограм ГРОЗЈЕ на ВИНАРИИТЕ, 6 денари за производителите на ОРИЗ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?