Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најстудено во Маврови Анови -1 , најмногу дожд во Струмица 50 литри на квадрат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најстудено во Маврови Анови -1 , најмногу дожд во Струмица 50 литри на квадрат
Агропрогноза

Најстудено во Маврови Анови -1 , најмногу дожд во Струмица 50 литри на квадрат

Објавено 28/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утрово најниска температура од -1 степен Целзиусов е измерена во Маврови Анови. Следат Лазарополе, каде се измерени 0 степени, 1 во Крива Паланка и Крушево, 2 во Тетово, Куманово, Штип и Виница, 3 во Велес и Прилеп, 4 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Битола и 5 степени во Гевгелија, Охрид, Берово и Претор, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Изминатите 24 часа заклучно до 7 часот утрово најмногу дожд наврнал во Струмица, 50 литри на метар квадратен,  25 во Гевгелија, 21 во Демир Капија, 20 во Битола и Штип, 19 во Крива Паланка и Попова Шапка, 18 во Берово, 16 во Претор и Пожаране, 15 во Виница и Крушево, 14 во Маврови Анови и Тетово, 13 во Лазарополе, 10 во Тополчани, 6 во Скопје-Петровец, Кавадарци и Прилеп, како и 4 литри на метар квадратен во Велес и Куманово.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови,над 35 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. 

МИА

Може да ви се допадне

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
Таг:50 литри на квадратдождМаврови Анови -1Најстудено
Претходен напис Министерот Трипуновски во работна посета во Истанбул
Следен напис РКЕ ќе ја утврди новата цена на парното греење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?