Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тони Стојановски во „Бизнис-клуб“: „Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната задача на една институција“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тони Стојановски во „Бизнис-клуб“: „Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната задача на една институција“
Агровести

Тони Стојановски во „Бизнис-клуб“: „Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната задача на една институција“

Објавено 27/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гостин во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески е м-р Тони Стојановски, главен извршен директор и член на УО на „НЛБ банка“ Скопје, професионалец кој целата своја професионална кариера ја градел во банкарскиот сектор. Разговорот е насочен кон состојбите и предизвиците во банкарството во Македонија.

М-р Стојановски својата кариера ја започнал во Народна банка на Република Северна Македонија, токму во периодот кога институцијата ги градела својата улога и своите капацитети, особено во доменот на банкарската супервизија. Во Народна банка поминува 13 години напредувајќи низ различни работни позиции, сè до функцијата генерален менаџер на Дирекцијата за супервизија, регулатива и финансиска стабилност. За него Народна банка е една од врвните институции во земјава, која многу инвестира во развојот на својот кадар. Банкарската супервизија, пак, ја нарекува срцето на банкарскиот сектор бидејќи навременото откривање и препознавање на слабостите значи превенција од потенцијалните ризици кои можат да појават.

„Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната работа за една институција“, нагласува м-р Стојановски.

Во 2008 година, на покана на Националната банка од Грција, се приклучува во  „Стопанска Банка“ АД Скопје за да го зајакне менаџерскиот тим. Во периодот од 2010 до 2020 година ја извршува функцијата генерален директор за управување со ризици и член на УО на „Стопанска банка“, а во 2020 година, благодарение на своето знаење и професионализам, е назначен за генерален директор за корпоративно банкарство.

Од септември 2024 година м-р Стојановски е именуван за главен извршен директор и за претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ Скопје. Тој посочува дека раководството на групацијата „НЛБ“ во Љубљана е силно насочено кон Балканот, а новата стратегија 20/30 ќе донесе нови услуги, дигитални иновации и натамошно јакнење на регионалното присуство.

Во разговорот м-р Стојановски се осврнува и на фактот дека „НЛБ банка“ Скопје токму овие денови ја одбележува својата 40-годишнина. Од мала финансиска институција создадена за поддршка на тутунските производители, Банката прераснала во стабилна и реномирана компанија. Според Стојановски, успехот се должи на високата предвидливост, јасната стратегија за раст и развој, силниот менаџерски тим за работа и навременото детектирање на ризиците. Тој додава дека „НЛБ банка“ низ годините преземала и одредени ризични, но стратешки важни потфати со кои, покрај на големите компании, значително им помогнала и на малите и на средните претпријатија, придонесувајќи за економијата на државата.

Денес „НЛБ банка“ Скопје е прва според кредитирањето на населението, втора според кредитното потфолио и трета според активата, веднаш зад „НЛБ банка“ Љубљана и „НЛБ банка“ Белград.

Покрај професионалните ангажмани, Стојановски е и долгогодишен претседател на Одборот на директори на „Македонска берза“ АД Скопје, потпретседател на Македонската банкарска асоцијација и претседател на Надзорниот одбор на „Стопанска лизинг“ Скопје.

Во поткастот открива и дел од своите лични интереси – љубовта спрема фудбалот и планинарењето, активности кои му носат енергија и рамнотежа во секојдневниот живот.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Бизнис-клубинституцијаТони Стојановскичовечкиот капитал
Претходен напис До недела облачно со дожд, а на планините снег
Следен напис Тимови од АХВ спроведуваат вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Карпош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?