Казни за четири фирми и ССК – се договориле да не прифаќаат нови или зголемени цени од добавувачите. Поради тоа, секое од трговските друштва е казнето со по 50 илјади евра, додека висината на казната што се однесува за Сојузот на стопански комори кои биле главните координатори на целата акција е 18,585 илјади евра.
Ваквата одлука е донесена од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата во вкупен износ од 218 илјади евра кои треба да ја платат четирите страни за картелскодо однесување.
„Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата“, – се вели во соопштението од КЗК.
Комисијата за одлучување по прекршок, на претпријатието, односно здружението на претпријатија, со решение ќе му изрече глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка ако: 1) склучи забранет договор или на друг начин учествува во договор, одлука или усогласено однесување со кои се нарушува конкуренцијата во смисла на член 7 од овој закон;
Од Сојузот на стопански комори велат дека одлуката на Комисијата мора да се почитува.
Во меѓувреме, од ресорното Министерство за економија и труд најавија повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики кој според дел од економските аналитичари како закон треба да биде стожер во нормализирањето на цените на подолг рок.
Извор – 24ТВ
