Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор
Агровести

Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор

Објавено 25/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Само пет проценти од компаниите во земјава имаат планови за справување со климатските ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, покажува едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Народната банка и Европската инвестициска банка.

Проценките на Светска банка се дека во изминатите 20 години климатските промени во Северна Македонија предизвикале загуби од над 650 милиони долари. Се почестите климатски промени на светско ниво веќе чинат милијарди долари годишно и во едни такви услови важно е да се изгради позелен одржлив финансиски сектор, беше посочено на денешната конференција организирана од Народната банка и Фондот за зелен развој, посветена токму на зелените финансии.

Климатските ризици, според првата заменик-гувернерка на централната банка на Германија, Сабине Маудерер, може да имаат директни последици врз стабилноста на цените, финансиската стабилност и економскиот раст. 

– Многу централни банки веќе интегрираат климатски ризици во финансиската супервизија и макропрудентите политики. Истовремено, бараат од банките да ги зајакнат своите модели и рамки за климатски ризици. Во Европа веќе има климатски стрес тестови со цел подобро разбирање како климатските ризици можат да влијаат врз финансиската стабилност, истакна Маудерер во видео обраќањето.

Според гувернерот Трајко Славески, Народната банка ги следи овие практики и придонесува за подобрување на расположливоста на податоците поврзани со климатските ризици, пришто од минатата година започна со објавувањето на Преглед на „зелени“ показатели. 

– Меѓународната заедница предупредува на високите трошоци од задоцнета акција. Декларацијата на меѓународната мрежа за зелени финансиски системи укажува дека тригодишно доцнење во климатската транзиција може повеќе од двојно да ги зголеми глобалните економски трошоци до 2030 година. Свесноста расте и кај регулаторите и кај банкарскиот сектор, но потребни се континуирани и координирани напори. Анализите на ММФ покажуваат дека уделот на приватниот сектор во финансирањето на економиите во развој е потребно да се зголеми од сегашните 40 на 90 проценти до 2030 година, што ја нагласува потребата за силна соработка меѓу владите, меѓународните институции и финансискиот сектор, нагласи гувернерот Славески.

Директорот на Фондот за зелен развој Борислав Костадинов со порака дека сите имаат улога да одликуваат позелен, поодржлив финансиски сектор којшто ќе се бори против климатските промени. 

– Пред 15 години никој од нас немаше да верува дека климатските ризици ќе имаат суштинска улога на конференција за централни банки. Сега, еве сме, тука. Основата на климатските ризици се префрли од маргините во главен фокус и сега е во центарот на финансиската сфера. 2024 година беше најтопла година во историјата, надминувајќи го прагот на сите досегашни нивоа. 2025 година се покажува дека ќе биде сосема малку поладна од претходната. Температурите коишто растат поттикнуваат природни катастрофи, рече Костадинов на отворањето на конференцијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:климатските ризициодржлив финансиски секторрана фазаУправувањето
Претходен напис Мицкоски: За кратко ќе се знае цената на струјата, што ЕСМ ќе ја понуди на тендер 
Следен напис Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?