Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини, патишта,… во делови од државава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини, патишта,… во делови од државава
Агровести

ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини, патишта,… во делови од државава

Објавено 22/11/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата со обилните врнежи заклучно со 8 часот изутрината соопштува дека има поплавени домови и земјоделски површини, како и одрони на патишта во дел од државава. 

Во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, поради што поплавени се над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини.

– Ангажирани се екипи на јавни претпријатија и приватни фирми со четири багери, седум пумпи и повеќе приватни пумпи за црпење на вода. На регионалните патишта има наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет. Нивото на Голема Река е 2,1 метар со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква. ЈКП „Пролетер“ известува за нарушен квалитет на водата – привремено не се препорачува за пиење.ТППЕ Ресен интервенира во село Дрмени со две возила и пет пожарникари, објави ЦУК на својата веб страница.

И Општина Битола пријавува повеќе интервенции:

– ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава. ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари.  На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот. ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска река (Доленци–Лера). Ангажирана е целата механизација, екипите остануваат на терен и во текот на ноќта. Поради вода на коловоз, затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари. Нивото на р.Црна е зголемено на 2,7 м (во 15:30 ч). ЈКП Водовод – Битола работи на дефект што предизвика прекин на водоснабдување од Кравари до Меџитлија. Преку Е-112 пријавени се повеќе поплави на подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање на канали, ја пренесува ЦУК состојбата во Битола. 

Во Општина Демир Хисар од излевање на река Црна кај село Жван се поплавени земјоделски површини, а надлежните екипи расчистуваат одрони на локалните патишта Базерник и Вирово, кои се проодни.

Во Општина Прилеп, пак, преку Е-112 е пријавено дека паднал таван на куќа на ул.„Кајмакчалан“, како последица од дождовите. 

Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, пак, извршил повеќе интервенции на поплавени домови. По престанокот на дождот состојбата е стабилизирана, но реките и понатаму се на високо ниво.

Според РЦУК – Куманово, во Крива Паланка и Кратово екипите расчистуваат повеќе одрони на регионалните патишта. Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, без пријавени излевања.РЦУК – Струмица пријавил три одрони на патот Струмица–Валандово кои се веднаш проследени до надлежните служби. 

Во Скопје нивото на реките е покачено, но според РЦУК Скопје состојбата е под контрола и без излевања. 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упати упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните. 

– Доколку во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна. Редовно да се одржува хигиената на рацете, пред се по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, по чистењето и пред подготовка на храна. Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води, соопшти АХВ.

Препорачува во домаќинствата кои се поплавени, храната која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно,  да се фрли. Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот кое обично се користи свежо, дополнително да се измие, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.

Доколку во домаќинствата кои се поплавени има мали деца, се препорачува тие да се хранат со индустриски подготвена храна.

АХВ укажа и дека без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дождовидомовиземјоделски површинипатиштацук
Претходен напис Божиновска: Енергетиката не трпи импровизации и брзи, опасни потези од денес за утре
Следен напис ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?