ЗК Пелагонија беше дел од конференцијата „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“, организирана од Стопанската комора на Северна Македонија.
Настанот уште еднаш потврди дека квалитетно средно стручно и високо образование може да се развива само преку вистинско партнерство со приватниот сектор.
ЗК Пелагонија како најголема компанија во аграрот, активно вложува и континуирано ја унапредува соработката со средните стручни училишта и универзитетите, зајакнувајќи ја практичната настава и создавајќи можности младите да стекнат реални, применливи вештини.
Времето кое го вложуваме при практичната обука го гледаме како инвестиција – инвестиција во идниот кадар, во компанијата и во регионот.
Во фокусот на дискусијата беше како да ја задржиме нашата младина, се поставија многу дилеми и се предложија повеќе решенија:
Дали бизнисот ќе успее да ги спаси и одржи „живи„ средните стручни училишта и високото образование?
Одговорот зависи од заедничката доверба, отвореноста и подготвеноста за соработка. Важно е компаниите да стекнат доверба во практичната обука, без сомнежи дека ученикот утре ќе замине надвор од државата – туку дека ќе најде перспектива токму тука, дома.
Дали нашите индивидуалните делувања можат да доведат до системска, коренита промена во mindset-от на младите?
Ние веруваме дека секоја иницијатива, колку и да е мала, придонесува кон поголема трансформација. Затоа ЗК Пелагонија постојано воведува нови алатки и пристап со дигитално земјоделство , со што им овозможуваме на младите иновативен и модерен пристап до професијата.
Горди сме што сме активен партнер во процесите кои ја градат новата генерација стручни и мотивирани млади луѓе.
Фејсбук статус на ЗК Пелагонија
