Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СКСЗМ го организираше 16-то издание на Топ 100 за 2025, настанот во кој домашната економија ја доби славата и сцената која ја заслужува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СКСЗМ го организираше 16-то издание на Топ 100 за 2025, настанот во кој домашната економија ја доби славата и сцената која ја заслужува
Агровести

СКСЗМ го организираше 16-то издание на Топ 100 за 2025, настанот во кој домашната економија ја доби славата и сцената која ја заслужува

Објавено 20/11/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атмосфера каде што домашната економија го доби вниманието која ја заслужува, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го организираше 16-то издание на ТОП 100™ 2025, најважниот и најочекуваниот настан на годината, кој оваа година беше крунисан со 20-годишнината од основањето на СКСЗМ.

Со над 400 присутни, меѓу кои Претседателот на Собранието, Премиерот, министри, амбасадори, раководители на институции, меѓународни партнери, а над сè со исклучително присуство на нашите компании, СКСЗМ уште еднаш ја потврди својата економска релевантност и на бизнис-заедницата, како и својата улога во развојот на државата.

Настанот го отвори домаќинот, В.Д претседателот на СКСЗМ, г-дин Нухи Алиу, кој ја истакна важноста на ова издание, потенцирајќи дека 20-годишнината означува не само вреднување на достигнувањата на компаниите, туку и нивното патување засновано на визија, решителност и посветеност. Тој исто така нагласи дека Комората останува најдоверлива институција и главен партнер што го поврзува бизнисот со институциите.

Овие пораки беа поткрепени со конкретни бројки презентирани на настанот. Вкупните приходи на ТОП 100 компании за 2024 година достигнаа 1,7 милијарди евра, кумулативнA нето добивка 135,4 милиони евра, највисоко ниво во последните десет години, додека бројот на вработени на овој список достигна 10.794, од кои 5.206 само од ТОП 10. Овие податоци не се само статистика, туку одраз на нивното влијание врз економијата на земјата.

Вечерта продолжи со говорот на поранешниот претседател на СКСЗМ, г-дин Менди Ќура, кој три години ја водеше Комората со интегритет и визија. Исто така, од страна на Управниот одбор му беше доделена признание за неговиот вреден придонес во зајакнувањето на институцијата и унапредувањето на важните процеси за приватниот сектор.

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање нагласи дека иднината се гради преку тесната соработка меѓу Владата и бизнис-секторот, потенцирајќи дека двете страни треба да бидат на иста страна. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да биде доверлив партнер на приватниот сектор и дека самиот денешен настан докажува дека успехот и растот се целосно достижни.

Одржувајќи го фокусот кај компаниите, на настанот беа доделени и награди за извонредни достигнувања во неколку важни категории за бизнисот.

NITA’S FACE CARE беше вреднувана со наградата „Успешна жена во бизнисот“, додека VARUS ја доби наградата за „Најуспешно партнерство“. Овогодишната титула „Топ извозник“ му беше доделена на BENTON-NI, додека наградата за „Топ инвестиции“, со вредност од 4,4 милиони евра во 2024 година, и беше доделена на компанијата ATS GROUP. Наградата за „Најбрзорастечка компанија“ му припадна на MULTIPARK IZAIRI, додека новината на ова издание, наградата „Компанија со инвестиции во енергетска трансформација“, ја доби GREEN FIELD.

Традицијата на промовирање на позитивни практики на општествена одговорност беше продолжена со признание на IN HOME SERVICE, која ја доби наградата за „Компанија со корпоративна општествена одговорност“.

Друг историски момент на вечерта беше признанието на „Lansky, Ganzger, Zeqiri + Partner Skopje“, за нивната улога во еден од најважните правни процеси на деценијата, жалбата против Законот за солидарен данок. Благодарение на оваа посветеност, за прв пат државата изгуби спор од ваков вид, отворајќи го патот за враќање на 49 милиони евра на сметките на оштетените компании.

Извршниот директор ја истакна динамиката на работата на СКСЗМ во текот на годината и ја презентираше методологијата за рангирање на ТОП 5 компании, фокусирајќи се на транспарентност, точност и професионални стандарди што го прават овој процес уникатен во земјата.

Затворањето на вечерта го означи прогласувањето на шампионите на годината според методологијата на TOP 100™, врз основа на пет главни категории на перформанси.

ADRIJUS беше рангирана како компанијата ТОП 5, по што следуваа KIPPER како ТОП 4, NEPTUN како ТОП 3, POFIX рангирана како ТОП 2 и, на врвот на листата, DAUTI KOMERC како компанија ТОП 1 за 2024 година. Овие пет лидери на пазарот ги поставија стандардите за успех за годината што ја оставивме зад себе.

На овој 20-годишен јубилеј, СКСЗМ потврди дека останува институцијата каде што бизнисот наоѓа вистинско претставување и долгорочно партнерство, докажувајќи дека само со конкретни резултати, транспарентност и ценење на нашите најдобри, можеме да ја унапредиме нашата економија.

СКСЗМ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:16-то издание2025економијаСКСЗМсценататоп 100
Претходен напис Мицкоски: Владата е одговорна за трошењето на народните пари, и затоа не гледам причина за зголемување на платите на судиите и обвинителите
Следен напис Средба на Бислимовски со амбасадорката на Кина Сјаојен, во фокусот проширување на соработката во енергетиката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?