Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години
Агровести

Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години

Објавено 19/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија ја одржа својата редовна седница на која беа дискутирани клучните предизвици и можности во секторот, како и насоките за негов понатамошен развој.

На седницата, за претседател на Управниот одбор и претседател на Здружението беше реизбран Андреа Серафимовски, член на УО на ГД „Гранит“ АД Скопје.Изборот претставува признание за неговата стручност, деловна посветеност и континуиран ангажман во унапредување на градежниот сектор кој има значајна улога во економскиот раст и инфраструктурниот напредок на земјата.

Здружението ја реафирмира својата заложба да продолжи да делува во интерес на компаниите-членки и целокупната индустрија, преку следење на состојбите на пазарот, унапредување на законската регулатива и создавање предуслови за предвидлива, стабилна и поттикнувачка бизнис-клима. Во оваа насока, Здружението и во иднина ќе продолжи активно да соработува со надлежните институции, стручните организации и другите релевантни чинители, со цел креирање политики што ќе обезбедат одржлив раст и развој на секторот.

Во рамките на утврдените приоритети, во следниот период на работењето на Здружението уште повеќе акцентот ќе биде ставен на унапредување на процедурите за јавни набавки и инвестициски процеси, подобрување на техничките и безбедносните стандарди во градбите, поттикнување на иновациите и модернизацијата во производството и градежните практики, како и промовирање на одржливи и енергетски ефикасни решенија.

Здружението останува доследно на својата мисија да придонесува во развивање силен, конкурентен и современ градежен сектор, кој претставува столб на економскиот и општествениот развој.

На седницата на Здружението за градежништво, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, советник на претседателот за инфраструктура и економски развој која воедно е дел од Кооординативното тело за унапредување на секторот градежништво заедно со Серафимовски, најголемите градежни компании од Македoнија и високите претставници од Кабинетот на Претседателот на Владата на РСМ, во името на Стопанската комора на Северна Македонија и во име на претседателот на Комората, Бранко Азески му додели ПРИЗНАНИЕ на Андреа Серафимовски за особен придонес, несебично вложување и остварување прогрес на активностите како претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Андреа СерафимовскиградежништвореизбранСтопанската комора на Македонија
Претходен напис УХМР: Во петок и во деновите од викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд
Следен напис РЦУК: Пчиња се излеа кај Пелинце и Стрновац, не се зафатени куќи или викендици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?