Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Северна Македонија
Агровести

Национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Северна Македонија

Објавено 19/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план за еколошка правда.

Главна тема на настанот ќе биде „Како правосудниот систем може поефикасно да одговори на растечките предизвици што ги носат климатските промени и деградацијата на животната средина?“.

Како што соопштија организаторите, воведни обраќања ќе имаат министерот за правда Игор Филков, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер, јавниот обвинител Љупчо Коцевски и Џемали Саити, Судија во Врховниот суд.

-Пред овој настан, во периодот од септември до ноември 2025 година беа одржани неколку средби на работни групи во Скопје каде учестваа клучни актери од правосудниот сектор и животна средина. Овие дискусии беа насочени кон зајакнување на докажувањето, унапредување на пристапот до правна помош, зголемување на транспарентноста при постапување по еколошки кривични дела и подобрување на меѓуинституционалната соработка. Како резултат на тоа, националните чинители, со експертска поддршка инспирирана од извештајот на француската инспекторат „Правда за животната средина“, изработија нацрт Акциски план за еколошка правда во Северна Македонија. Тригодишниот Акциски план ќе биде разгледан и формално одобрен за време на Националната тркалезна маса, а неговата имплементација ќе продолжи во наредните години, стои во соопштението на организаторот на настанот.

Тркалезната маса се организира во соработка со Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамки на регионалната иницијатива КЕП Конвергенција што ја спроведува Expertise France со поддршка на Француската агенција за развој (AFD).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еколошка правдаклиматскаСеверна Македонијатркалезна маса
Претходен напис УХМР: Облачно со локални врнежи од дожд
Следен напис Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?