Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Известување за поднесување на барања за финансиска поддршка во ОРГАНСКОТО земјоделско производство за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Известување за поднесување на барања за финансиска поддршка во ОРГАНСКОТО земјоделско производство за 2025 година
АгровестиСубвенции

Известување за поднесување на барања за финансиска поддршка во ОРГАНСКОТО земјоделско производство за 2025 година

Објавено 18/11/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува органските земјоделски производители дека до 25 декември 2025 година можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2025 година и тоа за следните мерки:

М3  Финансиска поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло (вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло)

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или пак имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено.

Корисници на оваа мерка се и земјоделски стопанства – производители на  органско кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози, вклучително и корисници кои произведуваат храна со традиционални карактеристики, и во објекти кои се во  започната постапка за евидентирање според традиционални методи на производство, сирење добиено од млеко од овци и кози/мандри.

Висината на поддршката изнесува 10% од вредноста на произведените и продадени производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор и 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и сточарско производство, за не повеќе од 5 (пет) сертифицирани органски преработени производи.

М4 Финансиска поддршка  за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или сертифицирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои вршат трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Висината на поддршката изнесува 5% од вредноста на продадените производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор.

М5 Финансиска поддршка за посебни директни плаќања за стручна контрола и сертификација

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи од областа на органското земјоделско производство кои имаат добиено сертификат од овластено тело во 2025 година.

Висината на поддршката изнесува 50% од трошоците за добиен сертификат издаден од овластено тело во 2025 година.

 М6 Финансиска поддршка  за  посебни директни плаќања за анализа на производ кај земјоделски стопанства

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат извршенo анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на органските производи во 2025 година.

Висината на поддршката изнесува 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000 денари по земјоделско стопанство и/или откупувач.

 Потребни документи

–        Договор со овластено сертификационо тело

–        Сертификат издаден од овластено сертификационо тело

–        Спецификација за сертифицираните производни капацитети (составен дел на сертификатот)

–        Фактура и доказ за платена фактура за извршената стручна контрола и сертификација

–        Фактура за продадени органски производи (за М3 и М4)

–        Извештај за анализа на производ и фактура со доказ за платена фактура за трошоците за извршените анализи (М6)

 Начин на поднесување на барањата

Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“.

Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.

За две минути станете сопственик на ДАЈНЕРС картичка и купувајте на 9 РАТИ БЕЗ КАМАТА во ХЕМОМЕТАЛ

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:органското земјоделскоподнесување на пријавифинансиска поддршка
Претходен напис УХМР: Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени
Следен напис Известување за поднесување на барања за дополнителни директни плаќања за 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?