Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
Агровести

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Објавено 18/11/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани.

Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите.  Со реализација на предложениот буџет, според нив, ќе се реализираат потреби и барања на граѓаните бидејќи се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, нови училишта, градинки, развивање на инфраструктурата, дигитализацијата, капиталните инвестиции.

Наспроти нив, опозициските пратеници сметаат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните и услугите од државата. Критикуваа и дека ќе се зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции.

Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2026 годинаамандманска расправаПредлог-буџетот
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Следен напис Советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?