Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Во тек се контролите на ИПАРД 3 програмата, нема застој за националните плаќања за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Во тек се контролите на ИПАРД 3 програмата, нема застој за националните плаќања за земјоделците
Агровести

Трипуновски: Во тек се контролите на ИПАРД 3 програмата, нема застој за националните плаќања за земјоделците

Објавено 17/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Институциите при Министерството за финансии ги почнаа контролите на ИПАРД 2 и ќе се воведат контролни механизми за да се зајакне процесот, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во Тутунскиот комбинат Прилеп пред почетокот на откупот на тутунот.

Владата, посочи, е таа што ги стопира средствата од ИПАРД 3 програмата и таа ќе ја симне блокадата откако ќе завршат проверките. Трипуноски не може да прецизира до кога ќе траат, но за релативно брзо ќе има официјален податок.

-Се прават дополнителни проверки и веднаш по таа проверка ќе си продолжи ИПАРД програмата да функционира во еден нормален тек, а Брисел ќе го известиме со конкретен план и кои контролни механизми ќе ги воведеме за да го дозајакнеме самиот процес. Сакам уште еднаш да бидам прецизно јасен – средствата од ИПАРД 3 програмата не се стопирани од Брисел, туку ги блокираа нашите структури за дополнително да провериме што се случувало во самата институција, Платежната агенција. Проверките ги прави посебното тело во состав на Министерството за финансии, инаку национален координатор за ИПА структурите. Колку ќе трае контролата не можам да кажам, но за многу скоро ќе се излезе со официјален податок. Повторувам, кога ние ја носиме одлуката за стопирање, ние ја носиме и одлуката за деблокирање на самиот процес, изјави Трипуновски.

Што се однесува до националната програма и исплатите, како што се субвенциите од јавните повици, меѓу кои за млад земјоделец, нема никаков проблем и таа програма продолжува.

-Во делот на националните плаќања, јавните повици кои ги имаше Агенцијата, тие веднаш ќе си продолжат со нормална динамика да се спроведуваат, рече Трипуновски.

Од денеска, како што кажа, нов директор на платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство која ќе ги движи процесите во Агенцијата за да нема паника кај земјоделците.

-На последната владина седница минатата недела назначен е нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата. Новиот директор е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен соверник во Министерството за земјоделство, образложи министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Инаку, ИПАРД 3 програмата е од 128 милиони евра и е седумгодишна, од 2021 до 2027 година. Дел средства се искористени.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитеИПАРД 3контролитеплаќањаТрипуновски
Претходен напис Трајков: Вештачката интелигенција станува дел од секојдневниот живот
Следен напис Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?