Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: М-р Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: УО на Стопанската комора – сериозно функционално тело со силна репрезентативност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > М-р Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: УО на Стопанската комора – сериозно функционално тело со силна репрезентативност
Агровести

М-р Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: УО на Стопанската комора – сериозно функционално тело со силна репрезентативност

Објавено 17/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Во време на брзи промени технолошките вештини се неопходни и секој човек ќе мора да ги поседува, без разлика на формалното образование, за да може да придонесува и да просперира во општеството“, изјави м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Според него, дигитализацијата е неминовен процес кој полесно и побргу го прифаќаат помладите генерации и кој го приспособува својот начин на функционирање на дигиталните алатки.

Како претставник на помладата генерација, запрашан за причините за иселување на младите, м-р Јанковски ја објасни мотивацијата на младите за заминување во странство: желбата за полесен и побрз пат до успехот, можноста за лесна заработувачка и за работа од дома, избегнувањето тешки ситуации и преговарања, како и исполнувањето на задачите со минимален напор, што им го овозможува работата во странство.

Во текот на разговорот Јанковски истакна три клучни промени што би ги направил за развој на државата: 1) промени во образованието преку следење на модерните трендови; 2) воспоставување вредности базирани на искуство, знаење и професионалност, без партиско влијание и со наградување на успехот врз основа на резултатите и 3) прогнозирање и планирање за наредните години според постигнатите резултати.

Во време на брз развој на технологијата и дигитализацијата, запрашан каде ја гледа својата фирма по десет години, м-р Јанковски посочи дека иднината е во дигитализирањето на процесите, користењето на вештачката интелигенција и обезбедувањето достапни услуги 24/7, без човечки грешки, но секогаш со човечка контрола.

„Технологијата не значи заменување на луѓето, туку нивна преквалификација и доквалификација за нејзино користење. Потребна е технолошка писменост за ефикасно да се користат алатките што се на располагање и да се контролираат“, нагласи Јанковски.

Според него, мора да се обезбеди безбеден систем на функционирање, но и на почитување на регулативите и стандардите, со цел заштита на податоците со кои располагаат според дејноста на неговата фирма.

Во продолжение на поткастот, како член на Управниот одбор на Стопанската комора, м-р Јанковски оцени дека Управниот одбор на Стопанската комора е:

„Сериозно функционално тело со добра репрезентативност на стопанскиот сектор и на различните стопански гранки, во кое отворено се дискутира и се решаваат реални проблеми. Составот е од реализирани луѓе кои имаат изградено нешто, но кои сè уште се во процес на градење на своите фирми и на своите приказни. Има критична маса за работа“, изјави Тони Јанковски.

Како дел од тоа тело, Јанковски истакна дека работи на: 1) задржување на кадарот и на негово обучување уште во универзитетските клупи, за да може по завршувањето да се вклучи во работните процеси; 2) експертиза и користење на надворешните контакти за позитивни искуства и инвестиции и 3) забрзана дигитализација и вмрежување на бизнисите.  

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:Бизнис-клубМ-р Тони ЈанковскирепрезентативностСтопанската комора
Претходен напис Во Скопје од денеска стапува во сила забраната за фрлање смет од 22:00 до 06:00 часот
Следен напис УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?