Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вицегувернерката Митреска на „Инвеститорскиот појадок на Ерсте“: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вицегувернерката Митреска на „Инвеститорскиот појадок на Ерсте“: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност
Агровести

Вицегувернерката Митреска на „Инвеститорскиот појадок на Ерсте“: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност

Објавено 14/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред насловена како „Инвеститорски појадок на Ерсте“, којашто традиционално ја организираат австриската групација „Ерсте“ и македонската „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека инфлацијата во домашната економија постепено се намалува и е далеку од максимумот достигнат во екот на светската инфлациска епизода. „Иако инфлацијата главно се движи по надолна патека, процесот сè уште не е целосно завршен. Нашите проекции упатуваат на нејзино постепено враќање кон историското ниво во следните две години, под услов да не се појават нови шокови на светските пазари и да има ограничени притисоци на страната на домашната побарувачка“, рече Митреска.

Таа подвлече дека девизниот пазар е стабилен, а нивото на девизните резерви е високо и е доволно за целосно да ја гарантира стабилноста на денарот. Ваквата стабилност, заедно со смирените инфлациски очекувања и растот на денарските заштеди, ги потврдува довербата и кредибилитетот на Народната банка како важни фактори за ефикасноста на монетарната политика.

Говорејќи за монетарната политика, вицегувернерката посочи дека во 2024 година Народната банка започна со постепена нормализација на каматната стапка, во услови на опаѓање на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и поволна надворешна позиција. Сепак, со повторното појавување на неизвесност во светот на почетокот на 2025 година и на одредена инерција кај инфлацијата, политиката беше приспособена со определба за повнимателен пристап со цел да се осигури понатамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување кон историскиот просек во догледен временски период.

Во однос на финансискиот систем, Митреска истакна дека Народната банка во изминатиот период го засили макропрудентниот инструментариум за дополнително да ја зајакне отпорноста на банкарскиот сектор и за да ја поддржи ефективната поставеност на монетарната политика.

На крајот од своето обраќање, вицегувернерката нагласи дека во услови на зголемени геополитички ризици и можни почести непредвидливи шокови на страната на понудата, Народната банка и во иднина ќе има внимателен и приспособлив пристап заснован на релевантни информации и податоци, заради одржување на ценовната и финансиската стабилност како предуслов за одржлив економски раст.

Народна банка

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ЕрстеМитрескапојадокстабилност
Претходен напис Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
Следен напис Мицкоски: Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата зависи од дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?