Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
Агровести

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции

Објавено 13/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август годинава и со дополнителните измени што ќе се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна, јасна и транспарентна рамка која ќе овозможи поквалитетни инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на продуктивноста во економијата. Овие законски измени ќе придонесат кон забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните, што значи повисоки плати и пониска инфлација, порачуваат од Министерството за економија и труд.

-Нашата цел е преку новите мерки да поттикнеме инвестиции со поголема додадена вредност – инвестиции кои ќе ја развиваат производствената индустрија, ќе воведат нови технологии и иновации и ќе создаваат одржливи работни места, велат од Министерството.

Нагласуваат дека законот прецизно ги дефинира субјектите кои можат да користат финансиска поддршка – тоа се компании кои реализираат почетна инвестиција од најмалку 100.000 евра, во рамки на преработувачката индустрија. Истовремено, се исклучуваат субјектите со дејност во примарното земјоделство, шумарството и рибарството, како и оние што вршат градежни активности поврзани со изградба и продажба на станови и деловни згради, бидејќи овие сектори не се дел од класификацијата на преработувачката индустрија.

Министерството за економија и труд, како што посочуваат, има водечка улога во целата постапка – од евалуација и потпишување на договорите до следење на нивната реализација. На овој начин се обезбедува континуитет, контрола и отчетност во користењето на јавните средства.

-Со примената на законот, која започнува на 1 јануари 2026 година, се очекуваат конкретни и мерливи резултати. Министерството останува посветено на создавање предвидлива и поддржувачка бизнис-клима, во која секој инвеститор – домашен или странски – ќе има сигурност дека државата стои зад него, велат од Министерството за економија и труд. вј/дма/

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:економијаминистерствосектор
Претходен напис Минималната плата ќе се зголеми за 2.000 денари во март 2026 година, најави министерот Дурмиши
Следен напис УХМР: Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?